Падна одлука: Apple мора да менува, од есен 2024 само USB-C полначи во ЕУ

ЕУ одлучи дека целата пренослива електроника мора да го користи стандардот USB-C.

Европските пратеници денеска постигнаа договор со кој се бара целата пренослива електроника што се продава во регионот да користи USB-C порта за полнење. Новиот закон ќе важи и за уредите на Apple кои моментално користат Lightning приклучок за полнење.

Оваа одлука доаѓа по долгогодишно размислување. Според изменетите правила, сите идни паметни телефони, таблети, камери, електронски читачи и други уреди што се продаваат во ЕУ мора да имаат USB-C порта до есента 2024 година, многу порано од очекуваното.

Целта на овој договор е да се намали фрагментацијата, електронскиот отпад, како и да се воведе стандард за брзо полнење на повеќе уреди. Договорот е дел од пошироките напори на ЕУ да ги направи производите поодржливи.

Иако е договорено, оваа измена прво ќе треба да ја одобрат Европскиот парламент и Советот на Европа, но не се очекува да има некакви проблеми.

„Денес заедничкиот полнач стана реалност во Европа! Европските потрошувачи долго време се фрустрирани од повеќекратните полначи што се акумулираат со секој нов уред“, рече известувачот на Парламентот, Алекс Аџус Салиба. „Корисниците сега ќе можат да користат еден полнач за целата нивна пренослива електроника. Додадовме и одредби за безжично полнење како следна еволуција во технологијата за полнење, како и подобрени информации и етикети за потрошувачите“.

Стандардот за брзо полнење на кој ЕУ се согласи е USB Power Delivery, што многу USB-C уреди веќе го поддржуваат. Се чини дека оваа одредба не треба да ги спречи производителите да креираат сопствени стандарди за брзо полнење, туку само дека нивните уреди мора паралелно да поддржуваат USB Power Delivery.

Очигледно, најголемиот производител на уреди што ќе биде погоден од ова е Apple. Интересно е тоа што компанијата веќе користи USB-C во многу уреди, сè што треба да направи е со новиот договор конечно да ги усогласи своите нови гаџети, како и iPhone. Apple веќе некое време тестира USB-C на iPhone уредите.

Остануваат уште две години до крајниот рок и не се очекува повеќето производители да одолговлекуваат премногу за да се усогласат со оваа одлука. Сигурно е само дека потрошувачите ќе имаат корист, бидејќи повеќе нема да мора да носат различни полначи и кабли со себе.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Мобилни

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Read more

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе