Паѓа вредноста на американскиот долар

Вредноста на американскиот долар во однос на кошницата со валути на берзата падна трет ден по ред, лизгајќи се најблиску до најниското ниво во последните две и пол години.

Индексот на доларот, што ја покажува вредноста на американската валута во однос на другите шест најважни светски валути, се лизна на 89,77 поени, додека вчера во ова време беше 90,11 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута падна од вчерашните 103,60 на 103,35 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,2295 американски долари, највисоко ниво од април 2018 година, додека вчера во ова време беше 1,2240 долари.

Цените на нафтата, пак, се зголемија утрово, втор ден по ред. На американскиот пазар, цената на барелот зајакна 0,5 проценти, на 48,26 долари, а на лондонскиот 0,3 проценти, на 51,24 долари.

Азиските берзи на рекордни нивоа

На повеќето азиски берзи цените на акциите пораснаа во средата, па индексот MSCI достигна ново рекордно ниво бидејќи инвеститорите се надеваат на брзо закрепнување на економиите, благодарение на огромните стимулативни мерки.

Индексот на азиско-пацифички берзи MSCI, без јапонскиот, се зголеми за 0,6 проценти околу 7,00 часот и достигна ново рекордно високо ниво.

Утрово на берзата во Токио, индексот Никеи падна за 0,1 процент, а цените на акциите во Австралија паднаа, за околу 0,3 проценти. Индексите на акции во Шангај, Хонгконг и Јужна Кореја, пак, пораснаа меѓу 0,8 и 1,8 проценти.

Растот на индексот се должи на надежта на инвеститорите дека следната година најголемите светски економии брзо ќе закрепнат од корона кризата, бидејќи лидерите на голем број земји најавуваат или дополнителни рестриктивни мерки или задржување на постојните.

Покрај тоа, инвеститорите се надеваат дека наскоро, благодарение на вакцинацијата против COVID-19, економските активности ќе се вратат во нормала.

Затоа, утрово, инвеститорите не беа загрижени за вчерашниот пад на берзанските индекси на Волстрит од рекордни нивоа.

„Инвеститорите остануваат оптимисти, а многумина веќе играат на понатамошен раст на цената на акциите следната година бидејќи очекуваат монетарните власти да продолжат да одржуваат висока ликвидност во банкарскиот систем за поддршка на економиите погодени од пандемија“, вели Масанари Такада, стратег на Nomura Securities.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе