Паѓаат цените на нафтата

Цените на нафтата на светските берзи паднаа минатата недела, по три последователни недели раст, бидејќи забавувањето на економскиот раст доведува до слабеење на побарувачката за енергетски производи.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 2,6 отсто, на 95,99 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 3,9 отсто, на 88,96 долари.

Падот на цените е последица на забавувањето на економскиот раст, бидејќи како резултат на тоа слабее и побарувачката за нафта. Минатата недела беше објавено дека залихите на нафта во САД пораснале за 3,9 милиони барели во претходната недела, достигнувајќи го највисокото ниво од јули 2021 година, што укажува на слабеење на потрошувачката на гориво на Американците.

Од друга страна, цените се поддржани од надежите на трговците дека побарувачката би можела донекаде да зајакне, по одлуката на кинеските власти да ги олеснат мерките насочени кон борба против COVID-19. Олеснувањето на ограничувањата вклучува скратување на карантинот за блиски контакти на болните и странските посетители на два дена и укинување на казната за авиокомпаниите кои носат заразени патници.

„Првите мали чекори кон олеснување на регулативите објавени од кинеската влада овозможија раст на цените, иако според нас тоа не претставува отстапување од строгата политика на нулта толеранција кон Ковид“, напишаа аналитичарите на Commerzbank во својот преглед на состојбата на пазарот.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Бизнис

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе