Пакистан би се согласил со независност на Кашмир, доколку народот така одлучи

Пакистанскиот премиер Имран Кан изјави дека земјата ќе им даде на луѓето во Кашмир право да избираат меѓу приклучување кон Пакистан и задржување на независноста, доколку на плебисцит, што е одложуван со децении, го изберат Пакистан, а не Индија.

Кан им се обрати на илјадниците собрани жители на Азад Џаму и Кашмир, територија што е под контрола на Пакистан, потсетувајќи дека Обединетите нации ветија дека на Кашмир ќе му се дадат право на самоопределување. Азад Џаму и Кашмир е само дел од целиот регион Кашмир.

– Кога народот на Кашмир под индиска окупација и народот на Азад Кашмир ќе добијат право на самоопределување и кога ќе го изберат Пакистан, тогаш Пакистан ќе им даде право да одлучуваат дали сакаат да бидат составен дел од Пакистан или да останат независни, рече Кан.

Пакистанскиот премиер од собирот порача дека неговата земја е со народот на целиот Кашмир, но и дека целиот исламски свет е со овој народ.

– Ќе продолжам да ги потсетувам Обединетите нации на ветувањето што го дадоа во врска со правото на самоопределување на Кашмир, додаде Кан.

Од стекнувањето на независноста од Обединетото Кралство во 1947 година, Пакистан и Индија водеа две војни за Кашмир. Двете земји ја сметаат територијата за своја, додека таа е административно поделена меѓу нив.

реклама

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе