Пакистан дозволи хемиска кастрација во новиот закон против силувањето

Пакистан го одобри новиот закон против силување што на судовите им овозможува да наредат извршување хемиска кастрација врз некои од престапниците и да дозволи формирање специјални судови за побрзо судење.

Пакистанскиот претседател Ариф Алви денеска ја потпиша уредбата за нацрт-законот. Законското решение уште минатиот месец беше одобрено од кабинетот на премиерот Имран Кан, се наведува во соопштението. Владата сега има рок од четири месеци да побара задолжително одобрување од Парламентот со цел тој и официјално да стане закон и да влезе во правна сила.

На законот се гледа како на кулминација на негодувањата откако претходно годинава една мајка беше силувана пред нејзините деца на еден од најголемите автопати во земјата, пишува германската агенција DPA.

Силувањето и обвинувањето на жртвата од страна на висок полициски офицер предизвика протести и барања за нов закон со кој ќе се обезбеди сторителите навистина да бидат казнати.

Во сложениот пакистански систем на кривична правда ретко доаѓа до осудувања за силувања.

Според новиот закон, владините агенции треба да водат база на податоци за сторителите на кривични дела, а судовите треба да обезбедат судењата да бидат завршени во рок од четири месеци од датумот на злосторството.

Според новиот закон, прекршителите осудени за групно силување и сексуални злосторства врз деца може да се соочат со хемиска кастрација, додаде DPA.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе