Пандемијата ја нарушува демократијата во 6 од 10 земји

Од Индија до Соединетите Американски Држави или од Кина до Бугарија, владите на шест од десет земји на пандемијата на COVID-19 одговорија со мерки што се сметаат за проблематични во поглед на почитувањето на човековите права и демократските вредности, предупреди денеска организацијата International Idea .

Во извештајот што го опфаќа скоро целиот свет, International Idea заклучува дека 61 процент од земјите усвоиле мерки што се сметаат за „незаконски, непропорционални, без временски ограничувања или непотребни“.

43 проценти од демократиите ги кршат човековите права

Демократските принципи и човековите права ги кршат 90 проценти од авторитарните режими, но исто така се забележани прекршувања во 43 проценти од демократиите, вели стокхолмската организација специјализирана за проценка на состојбата на демократијата во светот.

„Беше предвидливо дека авторитарните режими, кои во својата структура имаат помалку механизми за заштита на демократските и човековите права, ќе настојуваат да ја зголемат својата моќ под изговор за борба против пандемијата“, вели Генералниот секретар на International Idea, Кевин Касас-Замора.

„Но, изненадува тоа што толку многу демократски земји донесоа проблематични мерки“, рече тој.

Индија е на првото место на светската ранг-листа на земји кои усвоија „загрижувачки“ мерки во 9 од 22 анализирани области (слобода на движење, слобода на изразување, медиуми и сл.) и во тој поглед е пред Алжир и Бангладеш.

Следат Кина, Египет, Малезија и Куба (7 области).

URL
Русија, Саудиска Арабија, Мјанмар, Јордан, Шри Ланка и Зимбабве го делат првото место

Русија е прва на списокот на европски земји затоа што донесе „загрижувачки“ мерки во шест области и го дели тоа место со уште пет други земји во светот: Саудиска Арабија, Мјанмар, Јордан, Шри Ланка и Зимбабве.

Невладината организација International Idea оцени различни мерки преземени од државите за да утврди дали тие се проблематични од демократска гледна точка, без притоа да ја оценува и нивната санитарна ефикасност.

Индија, Малезија, Мјанмар, Шри Ланка и Ирак, пет земји класифицирани како демократски - иако станува збор за кревки демократии - се меѓу 15-те земји кои го заземаат дното на листата.

Во Европа критични се Бугарија, Унгарија, Полска, Словачка и Словенија

„Пандемијата беше забрзувач на тенденциите што постоеја пред појавата на коронавирусот. Високо авторитарните земји претежно станаа уште поавторитарни, а во демократиите кои веќе имаа потешкотии во зачувувањето на владеењето на правото, овие тешкотии се зголемија", рече Касас-Замора.

Во Европската Унија има пет критични земји: Бугарија во три области, Унгарија, Полска, Словачка во две и Словенија во една област.

Критики кон САД

Меѓу големите западни демократии, само САД се прозвани во две области. Израел е загрижувачка земја во пет области, а Аргентина во две.

Ограничувања на медиумските слободи во име на борба против дезинформации, прекумерна употреба на сила (распоредување на армија што ја следи примената на регулативите, кампови за изолација на болните ...), корупција при склучување договори за итни набавки или прозивање на мигрантите како одговорни за ширење на епидемијата се некои од прблематичните мерки што најчесто се среќаваат.

Новиот предизвик што ќе треба да се процени ќе биде како тековната голема економска криза влијае на состојбата на демократијата, вели Касас-Замора.

Студијата ги пофали Исланд, Финска, Нов Зеланд, Норвешка...

Студијата ги фали моделите на некои земји кои постигнале добри санитарни резултати без да го нарушат почитувањето на демократските права. Тоа се Исланд, Финска, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Кореја, Тајван, Уругвај, Кипар, Јапонија, Сенегал и Сиера Леоне.

Франција, Италија, Канада, Германија, Велика Британија и Шпанија не беа рангирани меѓу најдобрите „ученици“, иако не беа наведени области на загриженост.

Ова ја побива идејата дека недемократските земји би можеле да бидат поуспешни во спречување на пандемијата.

Аргументите на авторитарните режими дека тие морале да ги ограничат слободите во име на борбата против пандемијата паѓаат во вода кога ќе се види дека „на секоја Кина доаѓа еден Нов Зеланд, а на секоја Куба една Финска“, објаснува Касас-Замаора.

Се проценува дека 55 проценти од населението денес живеe во демократија

Во извештајот, организацијата жали што Пекинг и Хавана, на пример, „постигнале добри санитарни резултати по високата цена на демократијата и човековите права“.

Заклучоците се засноваат на глобален мониторинг на влијанието на COVID-19 врз демократијата од јули, во партнерство со Европската комисија.

International Idea проценува дека 55 проценти од светската популација денес живее во демократија. Анализата опфати 162 земји, од кои 99 беа класифицирани од организацијата како демократии, 33 како авторитарни режими и 30 како „хибридни режими“.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе