Пандев: Мојот најдраг гол

Во интервју за Al-Jazeera Balkans нашиот Горан Пандев говори за историскиот пласман на ЕУРО, сон кој конечно пред крајот на кариерата успеа да го оствари.

Фото: Петр Стојановски / ФФМ

Оригиналното интервју на српско-хрватски можете да го прочитате со клук тука.

„Кога беа познати групите на Лигата на нациите, знаевме дека имаме шанса да се пласираме на ЕУРО. Бевме најдобри во првата сезона од Лига Д на Лигата на нации (пред Ерменија, Гибралтар и Лихтенштајн). Тогаш нѐ чекаше полуфиналниот бараж со Косово. Косово е солидна репрезентација, но ние игравме на домашен терен и не ја пропуштивме можноста со 2:1 да се пласираме во финалето. И Бог нè награди затоа што игравме добро во континуитет последната година и постигнавме добри резултати. Момчињата веруваа во успех, како и селекторот Ангеловски, кој заврши одлична работа за пет години. Игравме фантастично во Грузија и требаше да постигнеме уште голови во второто полувреме“, истакна Пандев.

По пласманот во Лига Ц од Лигата на нации и обезбедениот бараж за пласман на првенството на Стариот континент, следуваа квалификациите. Избраниците на Ангеловски беа трети зад Полска и Австрија, а пред Словенија, Израел и Латвија.

„По многу години бевме трети во групната фаза. Одигравме солидни квалификации. Откако дојде селекторот Ангеловски, атмосферата во тимот е одлична, а неговите заслуги за тоа се огромни. Костурот на тимот беше ист, сменивме само тројца или четворица играчи. Бевме обединети како семејство и знаев дека резултатот ќе дојде. Клучот за ппласман на Европското првенство беше континуитетот во работата во последните пет години, како и фактот дека луѓето од Фудбалската федерација на Македонија ни ги обезбедија сите услови за работа. Имавме млади играчи кои правеа трансфери и играа во добри странски тимови. На тој начин тие се здобија со самодоверба и потребното искуство, што беше важно за нашата репрезентација. И кога игравме некои лоши натпревари, ги добивме, што значи дека тимот има квалитет“, вели Пандев.

Токму Пандев го постигна победничкиот гол во Грузија со кој Македонија се пласираше на ЕУРО. Нормално дека овој гол веднаш му стана најомилен.

Remote video URL

„Ова ми е најдраг гол, а уште подраго ми е што конечно да се пласиравме на големото натпреварување. За 20 години се случија лоши моменти и проблеми во репрезентацијата. Еднаш престанав да играм за Македонија. Кога Ангеловски стана тренер, дојде кај мене во Џенова. Разговаравме и тој ми го кажа своето мислење за репрезентацијата, во која се вратив“.

Фото: Петр Стојановски / ФФМ

Искусниот напаѓач тврди дека сонот за учество на ЕУРО се остварил, но верува и дека оваа генерација репрезентативци од Македонија може да изненади со позитивни резултати на континенталниот фудбалски собир.

„Во нашата група предност имаат Холандија, Украина и Австрија. Кога играте опуштено и немате што да изгубите, можете да направите многу повеќе. Се надеваме дека ќе освоиме некој бод и ќе оствариме што подобар пласман во Ц групата“, вели тој.

Remote video URL

Меѓу кандидатите за титулата европски шампион, Пандев вбројува репрезентации кои обично се на врвот на големите натпреварувања. Иако не ја исклучува можноста, како што вели, Хрватска да биде високо рангирана, тој е свесен дека сегашниот светски вицешампион ќе биде тешко да го повтори подвигот од Мундијалот во Русија во 2018 година.

„Играм во Италија и знам дека таа се врати на големата сцена со млада и многу квалитетна репрезентација. Франција и Германија се секогаш фаворити. Мислам дека Португалија и Холандија се одлични репрезентации кои ќе се борат за освојување на европската титула. Белгија е исто така меѓу најдобрите. Играат заедно многу години и се можеби главниот фаворит за освојување на ЕУРО. Хрватска може да игра голема улога во тоа. Сепак, таа смени неколку репрезентативци, кои беа заменети со помлади играчи. Сигурно нема да ѝ биде лесно да го повтори успехот од Мундијалот, иако може да оди до крај на Европското првенство. Би сакал повеќе репрезентации од регионот да се пласираа на ЕУРО“.

Фото: Al-Jazeera

Македонија ќе продолжи да се натпреварува во Лига Ц во Лигата на нации, бидејќи загуби 1:0 од Ерменија на гостувањето во 6. коло од Групата 2. Планот на Македонците беше исполнет со пласманот на ЕУРО, а поразот од Ерменците беше под влијание на фактот дека тие настапија ослабени нив и Пандев, на тој последен натпревар во Никозија.

„Целта - пласман на ЕУРО - ја исполнивме со победа во Грузија. Потоа, ја добивме Естонија и загубивме од Ерменија во Лигата на нации, кога ни недостасуваа многу играчи. Иако сакавме да се пласираме во Лигата Б на Лигата на нации, не успеавме. Ние сме мала земја, која има млади и квалитетни фудбалери, но тие немаат искуство за важни натпревари. Репрезентацијата нема 30 врвни играчи за да ни биде сеедно кој игра во првиот тим. Одигравме задоволително во Лигата на нации, но најважно е што отидовме на Европското првенство“, истакнува тој.

Горан се осврнува и на оствареното од страна на останатите репрезентации од регионот.

„Црна Гора докажа дека има квалитет за повисоко, за Лига Б во Лигата на нации. Знаеме дека Хрватска е силна репрезентација, игра добро во континуитет и нејзиниот опстанок во Лига А е очекуван. Истото важи и за Србија, која остана во Лига Б, но го загуби најважниот натпревар за да оди на Европското првенство, против Шкотска, за што ми е жал. Словенците ја исполнија целта и се преселија во повисок ранг - Лига Б од Лигата на нациите. Тие имаат млад избор со мајсторот на фудбалската игра, Јосип Иличиќ. Мислам дека БиХ, која испадна од Лига А, може подобро. Ги познавам нејзините репрезентативци кои се врвни играчи. Им недостасуваат подобри резултати. Не само јас, туку и останатите го гледаат тоа“.

Фото: Петр Стојановски / ФФМ

За крај Пандев го прокоментира и оствареното на Џеноа во новата сезона во Серија А, како и битката за Скудетото

„Донесовме добри и искусни играчи. Мислев дека оваа сезона ќе биде подобра од минатата, кога се спасивме од испаѓање во последното коло. Верувам дека ќе почнеме да играме подобро и да освојуваме бодови. Ни недостасува еден позитивен резултат за да ги свртиме работите во наша корист. Се надевам дека на крајот на сезоната ќе се пласираме на средина на табелата. Тимот може да одигра добра сезона и да избори сигурен опстанок“, оптимист е Пандев.

„Секако Јувентус е фаворит. Конкуренти се Интер и Наполи со добри тимови, исто како и Милан, кого никој не го виде во борбата за Скудетото. Милан е комбинација на младост и искуство со феноменалниот Златан Ибрахимовиќ, додека тренерот Стефано Пиоли добро го состави тимот. Интер, Наполи и Милан се екипи што можат да го загрозат Јувентус, тие треба да атакуваат на Скудетото и да го симнат Јувентус од тронот“, потенцираше Пандев.

реклама

Шахпаска: Пензиите ќе се исплаќаат редовно, во јануари ќе бидат зголемени

Read more

Полицијата казни пратеник бидејќи зборувал на телефон додека возел на патот Куманово-Скопје

Read more

Категорично „не“ од австралиските власти за барањата на Ѓоковиќ

Read more

Џонсон: Ситуацијата со коронавирусот ќе биде многу поинаква на пролет

Read more

Фудбал

Бобан Николов кариерата ја продолжува во Лече

Read more

Леонардо: Големи играчи како Меси секогаш ќе бидат желби на ПСЖ

Read more

Шпанска серија: Агентот на Рамос се натега со Реал за милион евра

Read more

Видал: Интер докажа дека има квалитет за Скудетото

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Џон Џонс ги налути обожавателите со видео во кое убива дива свиња

Читај повеќе
  • play_arrow

Луис Хамилтон: Сега сум на планина, тренирам секој ден

Читај повеќе

Прв пат во зима освоен вториот највисок врв во светот

Читај повеќе

Бобан Николов кариерата ја продолжува во Лече

Читај повеќе

Ракометарите го победија Чиле и одат во наредната фаза

Читај повеќе

Леонардо: Големи играчи како Меси секогаш ќе бидат желби на ПСЖ

Читај повеќе

Работнички го откажа настапот на АБА 2 турнирот во Бања Лука

Читај повеќе

Шпанска серија: Агентот на Рамос се натега со Реал за милион евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Видал: Интер докажа дека има квалитет за Скудетото

Читај повеќе