Папа Франциск: Парите да се дадат за борбата против COVID-19, а не за оружје

Папата Франциск денеска ги повика светските лидери парите за оружје да ги пренасочат за борбата против коронавирусот и да сторат сѐ што е можно вакцините да ги добијат најсиромашните земји.

По повод католичкиот светски Ден на мирот, што се слави на 1 јануари, папата го повтори својот повик за основање на светска фондација која парите за вооружувањето ќе ги искористи  за искоренување на сиромаштијата, пишуваат британските медиуми.

Во годишната порака, насловена „Култура на грижата, како пат кон мирот“, традиционално папата им ја испраќа на шефовите на држави и влади и на меѓународните организации.

– Колку само пари се трошат на оружје, особено нуклеарното оружје, а можат да се искористат за поважни приоритети, како што се безбедноста на поединецот, градење на мирот и интегралниот развој на човекот, борбата против сиромаштијата и здравјето, рече папата Франциск.

Тој додаде дека „глобалните проблеми, како што се пандемијата на коронавирусот и климатските промени, овие предизвици ги направија уште поочигледни“.

Католичката црква под водство на папата Франциск зазеде поцврст став против нуклеарното оружје и повика на неговото целосно напуштање. Папата во 2017 година кажа дека државите не смеат да акумулираат такво оружје, дури и со јасна цел за одвраќање на непријателот.

– Колку храбра одлука ќе беше доколку се основаше светска фондација со парите потрошени за оружје и другите воени трошоци, со цел да се елиминира гладот ​​засекогаш и да се придонесе за развој на најсиромашните земји, рече папата Франциск.

Папата досега повеќепати го осуди „национализмот на вакцините“ и кажа дека најсиромашните земји не треба да бидат изоставени од борбата против коронавирусот.

– Го повторувам мојот повик до политичките лидери и приватниот сектор да направат сѐ за да се осигурат дека оние кои се најсиромашни и најранливи имаат пристап до вакцината против COVID-19 и клучните технологии потребни за грижа за болните, рече папата.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Read more

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Read more

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more
 

Вести

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Читај повеќе

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе