Партиите се договорија, избори на 15 јули

Скопје, 15 јуни 2020 (МИА) – Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку својот Facebook профил потврди дека ќе учествуваат на изборите на 15 јули.

– На изборите на 15 јули, среда, ќе учествува ВМРО-ДПМНЕ и заедно со народот ќе го победи изворот на кризата Зоран Заев и СДСМ. Двата услови кои ги баравме се прифатени, прво протоколи за заштита на здравјето на граѓаните, второ мисија на ОБСЕ и ОДИХР за заштита на волјата на граѓаните, напиша Мицковски.

Во статусот на Facebook, Мицкоски оценува дека државата се наоѓа во лоша економска и здравствена криза и оти единствениот излез се изборите и како што вели, убедлив пораз на Заев и СДСМ.

– Македонија овие три години не успеа, доживеа порази на економско, здравствено и политичко поле. Време е да се стави крај на сето ова, време е за промени, а Македонија да излезе посилна, пишува Мицкоски.

„Ние преземаме чекор веднаш да заврши оваа игра на нерви за да не страда народот. Се знае и во минатото кој бил одговорен и кон граѓаните и кон државата. Така и сега СДСМ ја покажува својата големина, разбирање и одговорност. За не страда народот и да му се овозможи на Мицкоски и  ВМРО-ДПМНЕ на дело да ја покаже својата одговорност,  го заклучуваме 15 јули како конечен последен и единствен датум за избори на кој гарантирано ќе учествува опозицијата, изјави Заев на денешната прес-конференција во седиштето на партијата.

Тој истакна дека два дена претходно ќе гласаат болните и изнемоштените, меѓу кои и лицата со коронавирус, но и оние кои се во домашна изолација и самоизолација. Молкот ќе настапи на крајот на денот на 12 јули во недела.

Претседателот на државата Стево Пендаровски го поздравува постигнатиот договор помеѓу лидерите на политичките партии,  предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули годинава.

Како што соопштија од неговиот Кабинет, истовремено претседателот Пендаровски искажува очекување дека изборите ќе бидат фер и демократски, како што доликува на земја членка на НАТО и земја којашто отпочнува преговори со Европската Унија.

– Постигнатиот консензус за датумот за одржување на предвремените парламентарни избори, според претседателот Пендаровски е уште еден показател дека во секоја зрела демократска земја неопходен е политички дијалог преку кој се носат усогласени одлуки и одлуки исклучиво во интерес на граѓаните на нашата земја, стои во соопштението од Кабинетот на претседателот на државата.

реклама

Македонија

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Read more

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Read more

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Read more

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Read more
 

Вести

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Читај повеќе

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Читај повеќе