Партијата на Вучиќ прогласи победа на парламентарните избори во Србија

Српската народна странка прогласи пробеда на парламентарните избори што се одржаа во Србија. На прес-конференција, Ана Брнабиќ информираше дека СНС има нешто помалку од 50% од гласовите.

„Според 50% преброени гласови, нашата листа, Србија не смее да запре, на примерок од 50% има 47,1% добиени гласови. Ќе имаме повеќе од 125 мандати во Собранието. Србија против насилство има 23% од гласовите“, рече Брнабиќ.

Што се однесува на Белград, Брнабиќ рече дека првите резултати допрва почнуваат да доаѓаат.

Место во парламентот има и за Ивица Дачиќ, кој според првичните резултати има 6,4% од гласовите.

Таа ја обвини опозицијата за кршење на изборниот молк, како и за пласирани лаги за неправилности во текот на изборниот ден.

И според резултатите што ги објави Државната изборна комисија на Србија, партијата на Вучиќ има апсолутно мнозинство на парламентарните избори, и освоила 47,24% од гласови врз основа на обработени 7.561 од 8.273 избирачки места.

Следи листата Србија против насилство која освоила 22,86% од гласовите, потоа Социјалистичката партија на Србија со 6,67%, додека на изборната листа на Надеж за Србија има 4,94%. Следна листа е Ние – гласот на народот – Бранимир Несторовиќ со 4,63%.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Регион

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Read more

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Read more

По атентатот на Фицо: Закани до Вучиќ дека тој ќе биде следната мета

Read more

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе