Патување во државата наречена Кралството небесно

Запознајте го Лесото, млада земја која го прослави својот 50-ти роденден во 2016 година.

Иако највисокиот врв на Монт Еверест се наоѓа на границата помеѓу зоната Сагармата во Непал и автономниот регион Тибет во Кина, тие земји не се највисоките во светот.

Кралството небесно, како што го нарекуваат неговите жители, се наоѓа во jужниот дел на Африка, а е опкружено со друга држава - Јужна Африка. Станува збор за државата Лесото, која се наоѓа на височина од повеќе од 1.000 метри надморска височина. Нејзиниот најнизок врв е на 1.400 метри надморска височина и тоа е она што ја прави највисока држава во светот. Можеби нема пристап до море, но има пристап до облаците.

На тие височини воздухот е малку посвеж, затоа и ќебињата станаа дел од националната облека. Сосема е нормално овде да се видат жители како шетаат со ќебе преку рамениците. Ќебето е топло, но е и еден вид статусен симбол. Изработени се од волна и украсени со шарени шари кои идентификуваат од каде доаѓа некој.

Зимата не е првата асоцијација кога мислиме на Африка, но овде освен ќебиња може да си понесете и скии. Популарниот африкански ски-центар на околу 3.000 метри надморска височина е отворен и во зима, но и во лето кога гостите можат да уживаат во други активности како што се велосипедизам, мотоциклизам, пејнтбол и планинарење.

Млада држава

Лесото е млада и мала земја која го прослави својот 50-ти роденден во 2016 година. Таа е на дното на светската скала по големина, особено ако ја споредиме со другите африкански земји.

Заедно со Мароко и Есватини (кралство до неодамна познато како Свазиленд), Лесото е едно од трите преостанати африкански кралства. Друг факт во знакот број три е дека Лесото, заедно со Ватикан и Сан Марино, е една од трите енклави во светот, т.е. држава која е целосно опкружена само со една држава.

Поради својата географска положба нема многу патишта, а тие што ги има не се во добра состојба. Голем дел од населението се движи на коњ низ пространите предели.

А кога станува збор за сообраќајот, Лесото има и аеродромска писта која многумина ја сметаат за една од најстрашните во светот. Воздухопловниот појас Матекане се наоѓа на надморска височина од 2.300 метри и допира до работ на карпа висока 500 метри. Го користат главно хуманитарни организации и лекари за да стигнат до оддалечените села.

Диносауруси и дијаманти

Лесото има само една област која е под заштита на УНЕСКО, а тоа е Националниот парк Хахламба-Дракенсберг. Платото Таба-Босиу наскоро би можело да му се придружи.

Иако е мал по површина, Лесото е исполнет со грандиозни чуда на природата. Низ овие простори шетал и рептилот кој го добил името по оваа земја. Станува збор за диносаурусот Лесотосаурус или „гуштерот од Лесото“. Бил висок два метра и живеел во времето на Јура, кога на небото веќе летале претходниците на денешните птици.

Во 2018 година, еден од најголемите дијаманти досега беше пронајден во малиот Лесото. Поголем од кошаркарска топка, имал 910 карти. Дијамантите, инаку, сочинуваат значителен дел од националниот БДП.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе