Пекинг воведува карантин поради вториот бран на коронавирусот

Пекинг повторно воведува строги рестриктивни мерки поради новиот бран на коронавирусот, а властите апелираат до граѓаните да не ги напуштат своите домови, пренесува весникот South China Morning Post.

Весникот наведува дека сите основни и средни училишта во градот ќе бидат затворени, а учениците ќе продолжат со настава од дома. Универзитетите, исто така, се затвораат, како и сите забавни и спортски објекти.

Ситуацијата со вирусот во градот се оценува за „сериозна“.

-Властите на кинеската престолнина апелираат до граѓаните да не го напуштат градот, но дека во случај на итна потреба, тие мора да приложат потврда дека не се заразени, изјави заменик секретарот на Владата на Пекинг, Чен Беи. Според него, тестот не смее да биде постар од седум дена.

Пред неколку дена на еден од најголемите пазари во градот беше откриено ново жариште на коронавирусот. Претставник на главниот град изјави дека сите новооткриени носители на коронавирусот го посетиле кванташкиот пазар, а претставниците на округот Фенгтаи кажа дека заради претпазливост, целосно изолирале 11 населби околу пазарот.

Во Пекинг вчера беа регистрирани нови 27 заразени со COVID-19, по два месеца кога немаше ниту еден случај на новозаразени. 

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе