Пендаровски: Кога политката ќе реши да има избори, ДИК ќе се прилагодат кон тоа

ДИК не е надлежен да кажува кога може да има избори. Ако политичарите кажат да има, тие тоа ќе го испратат во рамки на законската рамка. Сега имаме една законска рамка, ако понатака се донесе нова, тие тоа ќе го испочитуваат, изјави претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност, одговарајќи на новинарско прашање дали било разговарано околу подготовка на изборите.

Претседателот Пендаровски, посочи дека три работи од минатата лидерска средба биле побарани од надлежните институции.

– Прво во однос на миниторинг мисијата ОБСЕ/ОДИХР. Министерот за надворешни работи Никола Димитров, пред два дена, разговараше со шефот на таа организација и доби уверување дека ќе има на писмено за колку време тие се подготвени и дали се воопшто подготвени во услови на пандемија да ги мониторираат нашите избори, изјави Пендаровски.

Втора работа, продолжи тој, беше побаран документ од Комисијата за заразни болести, кој веќе е изготвен и каде се кажуваат сите потребни протоколи за спроведување на изборите.

– Клучна проценка во него е дека сѐ додека не се најде вакцина, односно лек за овој вирус, изборите било каде во светот, не само тука, па веројатно и догодина, ќе мора да бидат спроведувани под посебен режим, изјави Пендаровски.

Во однос на материјалот доставен од ДИК до него, Пендаровски рече дека од него е јасно дека ДИК не е надлежен да кажува кога може да има избори и ќе се прилагодат на законската рамка откако ќе донесат одлука политичарите.

– Она што ДИК не го кажува и не може да го каже, бидејќи не е нејзина надлежност, е датумот за избори. Кога политичките лидери или политиката ќе решат да има избори, тие ќе се прилагодат кон тоа што ќе го побара политиката од нив. Тие одат според законите, во оваа ситуација според уредбите со законска сила, изјави Пендаровски.

Нагласи дека имал средба со членовите на ДИК и целосно е сигурен во нивната професионалност и знае дека материјалот доставен до него е донесен едногласно.

Уставниот суд, посочи Пендаровски, веќе има одлука дека вторите 30 дена вонредна состојба не беа неуставни, што значи дека не очекувам да има промена и за овие 14 дена.

Претседателот, уште еднаш, го повтори ставот дека ако нема вонредна состојба Армијата не може да биде вклучена во помош на полицијата за справување со корона-кризата.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе