Пенов: Еден милион евра не се голем проблем за Град Скопје и за ЈСП

Еден милион евра не се голем проблем за Градот Скопје и за Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и тоа не може да биде мотив за да се блокира Скопје и да се упропастат десетици милиони евра за трошоци на граѓаните за справување со последиците, вели во интервју за МИА министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.

– По мене тој спор е лесен и едноставен. Индивидуално е тежок за сите превозници, говорам за поединци кои не примиле плата, се истрошиле и се задолжиле. Инаку гледајќи го како проблем, еден милион евра за Градот, за ЈСП, не може да биде проблем и не може да биде мотив за да се блокира Скопје, и да се потрошат десетици милиони евра, да се упропастат кај трошоци што ги прават граѓаните преку повеќе потрошени горива за превоз, поголеми трошоци за стигнување до работно место, изгубени работни часови, изгубени бизниси, затворени дуќани или фирми затоа што не може да им пристапат клиентите, тоа се огромни штети, вели министерот.

Според него, оттука произлегува дека блокадите имаат политичка позадина и оценува дека протестот не бил насочен ниту кон ЈСП, ниту кон градоначалничката, туку бил насочен да ја растури политичката атмосфера во нашата држава и да го зголемува гневот и незадаволството на граѓаните кон Владата.

– Јасно се оцртуваат контурите на опозицијата, само таа може да има интерес од еден ваков спор. Бидејќи одговорноста која тие ја презеле пред скопјани за водењето на Градот, за водењето на ЈСП, им бега од раце, не можат да го решат проблемот, и се извлекуваат во еден процес во кој ни прикажуваат дека Владата треба да се инволвира и таа да го решава проблемот, потенцира Пенов во одговор на прашањето, која е политичката позадина на протестите.

Тој вели дека во тој дел ние сме целосно децентрализирана и демократизирана држава и секој треба да си ја понесе одговорноста за своите надлежности.

Во однос на решение на проблемот, Пенов вели дека проблемот видливо се зголемува затоа што градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ги раскина договорите со превозниците.

– Доколку тие останат под политичкиот притисок, да не се пријават во новата форма на организирање на јавниот превоз, тие долгорочно ќе останат без своите работни места, без приходи за своите семејства и со тоа проблемот може да ескалира дополнително, посочи министерот Пенов. 

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Македонија

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Read more

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Read more

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Read more

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more
 

Вести

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе
  • play_arrow

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе