Песков: Путин не планира да разговара со Бајден

Рускиот претседател Владимир Путин во моментов не планира никаков контакт со неговиот американски колега Џозеф Бајден, откако одлучи Москва да се повлече договорот СТАРТ 3, соопшти денеска Кремљ.

Путин денеска соопшти дека Русија го суспендира своето учество во договорот со САД за ограничување на нуклеарното оружје, таканаречениот договор СТАРТ 3 (Мерки за натамошно намалување и ограничување на стратешкото офанзивно оружје – Measures for the Further Reduction and Limitation of Strategic Offensive Arms), потпишан во 2010 година и се закани дека ќе спроведе нови нуклеарни проби ако САД први го направат тоа.

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, на новинарско прашање дали оттогаш имало барање од американска страна за контакт на претседателско ниво, одговори дека „сите ја слушнале првата реакција на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и американскиот државен секретар Ентони Блинкен“ и дека не се планира контакт.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека жали за денешната одлука на рускиот претседател Владимир Путин да го прекине учеството на Русија во договорот и ја повика Москва да ја преиспита својата одлука и да ги почитува договорите.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека одлуката на Русија е „многу разочарувачка и неодговорна“. Блинкен им рече на новинарите во американската амбасада во Атина дека „САД се подготвени да разговараат за ограничување на стратешкото оружје со Русија“.

Песков рече дека Путин и Бајден последен пат комуницирале пред почетокот на „специјалната воена операција“, како што Москва ја нарекува инвазијата врз Украина.

Тагови
реклама

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе