Пет Кајгана предлози за читање за оваа недела

„Што кажува секое тело“ - Џо Наваро

Прочитајте ја оваа книга и развијте ја својата невербална интелигенција. Џо Наваро, поранешен агент на ФБИ и стручњак за невербална комуникација, објаснува како брзо и ефикасно да ги „прочитате“ луѓето: да им ги одгатнете чувствата и мислите, да препознаете кога ве лажат и да ги избегнете скриените замки. Ќе дознаете и како говорот на вашето тело влијае врз мислењето што надредените, семејството, пријателите и другите го имаат за вас. Ќе откриете:

- кои се древните инстинкти за преживување што го поттикнуваат говорот на телото;

- зошто од лицето најтешко се читаат вистинските чувства на личноста;

- што ни откриваат гестовите со палците, стапалата и очните капаци;

- кои се најмоќните гестови што ја откриваат нашата самодоверба;

- како можеме да поттикнеме доверба или авторитет.

Џо Наваро, наречен „ловец на шпиони“ и „човечки детектор за лаги“, ни открива многу примери од своето професионално искуство покажувајќи ни како да ги разбираме мислите и намерите на луѓето, да ги откриваме и дешифрираме нивните невербални реакции за да можеме поуспешно да комуницираме со нив. За работа или за задоволство, „Што кажува секое тело" нуди моќно знаење што го збогатува и унапредува животот.

„21 лекција за 21 век“ - Јувал Ноа Харари

Што точно се случува сега? Кои се најголемите предизвици и избори што стојат пред човештвото? Зошто демократијата е во криза? Што можеме да направиме за епидемијата од лажни вести? Која цивилизација доминира со светот? Што треба да ги учиме нашите деца?

Во дваесет и едно поглавје, секое длабоко и провокативно, се презентираат комплексните современи предизвици на јасен и достапен начин, предизвикувајќи го читателот да ги земе предвид вредностите, значењето и личниот ангажман во овој свет полн со неизвесност. Некои делови од книгата се посветени на технологијата и на нејзиниот развој, некои на религијата, некои на уметноста, на човечката мудрост. На секој проблем му е посветено по едно поглавје: илузиите и работата, слободата и еднаквоста, заедницата, цивилизацијата, национализмот, религијата, имиграцијата, тероризмот, војната, секуларноста, незнаењето, правдата, образованието, медитацијата.

Харари нѐ подготвува за иднина која многу ќе се разликува од сегашноста и ни укажува на прашањата што треба да си ги поставиме за да преживееме. Како што објаснува самиот, книгата претставува збир на одбрани лекции кои не завршуваат со едноставни одговори, туку имаат цел да поттикнат понатамошни размислувања.

 

 

 

Лујзa Л. Хеј, авторка на многу бестселери, е светски познат лидер во областа на самопомошта. Нејзината клучна порака гласи: „Ако сме подготвени да ја завршиме менталната работа, речиси сè може да се излекува“.

Во „Како да го излечите својот живот" таа ни нуди длабок увид во односот меѓу умот и телото. „Животот е навистина многу едноставен. Она што го даваме, тоа ни се враќа“, вели таа. „Она што го мислиме за себе, станува вистина за нас. Верувам дека сите, вклучително и јас, сме одговорни за сè што ни се случува во животот – добро или лошо. Секоја мисла што ја создаваме ја формира нашата иднина. Ние ги создаваме своите искуства со нашиот начин на размислување и со чувствата. Мислите што ги вртиме во главата и зборовите што ги кажуваме ги создаваат нашите искуства.“

Полн со идеи и стратегии кои биле успешни за милиони луѓе низ светот, овој практичен водич за самопомош ќе ви го промени начинот на размислување засекогаш! Истражувајќи го начинот на кој ограничувачките мисли и идеи нè контролираат и не ни дозволуваат да напредуваме, Лујза Хеј нуди моќен клуч за разбирање на физичките болести и непријатности. Инспиративна книга која ги трансформирала животите на милиони луѓе, длабоко менувајќи им ја свеста за влијанието што умот го има врз нашето здравје и благосостојба.

„Нож“ - Ју Несбе

 

 

 

Пред својот педесетти роденден, Хари Хуле живее како во најлошите времиња. Рахела, единствената жена која ја сакал, го исфрла од дома. Ја губи работата на Полициската академија и се враќа во Одделението за крвни деликти, но работи на стари, неважни случаи. Згора на сѐ, серискиот силувач и убиец Свејн Фине излегува од затвор и се заканува дека ќе му се одмазди на тој што го пратил таму и кој во меѓувреме го убил син му.

Во своето алкохолно бунило, Хари очекува остварување на својот најголем кошмар – кобен напад на неговото семејство. И кога едно утро целиот во крв се буди од морничавиот мамурлак, сфаќа дека кошмарот станал реалност.

„Нож" е можеби најдобриот роман од исклучителниот серијал на Ју Несбе. Моралните дилеми ќе ве потсетат на Достоевски, пресвртите ќе ве остават без здив, некои дијалози ќе ве насмеат, а напнатоста не попушта ни за миг. Нож е една од ретките големи книги за кои никој не би помислил дека требало да бидат скратени макар за една страница.

„13“ - Стив Кавана

Ариела и Боби Соломон се најпознатиот и најмоќен холивудски пар. Би можеле да го имаат светот на дланка, но една ноќ таа е најдена мртва заедно со телохранителот, а обвинет за бруталното убиство е нејзиниот сопруг. Меѓутоа, она што на прв поглед изгледа како злосторство од страст, може да е едно од низата убиства на најинтелигентниот сериски убиец што некогаш чекорел по планетата.

Тој убива поради недостижниот американски сон. Поради задоволството да гледа дека за убиството ќе биде осуден невин човек. И овој пат убиецот не е на обвинителната клупа. Тој е во поротата.

Но некој успева да го разоткрие. Некогашниот измамник кој станал адвокат, Еди Флин, не верува дека неговиот клиент убил двајца луѓе и се сомнева дека вистинскиот убиец е поблиску отколку што мислат сите – но кој би можел да помисли дека е толку блиску?

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Книги

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе