Пет митови за ракот на белите дробови во кои не треба да веруваме

Ракот на белите дробови е еден од водечките здравствени проблеми во светот. Ноември е месец за подигање на свеста за ракот на белите дробови, болест за која многумина од нас мислат дека ги знаеме клучните причини и симптоми.

Сепак, вистината е дека сè уште има многу заблуди во кои веруваме, вклучувајќи го и митот дека ракот на белите дробови ги погодува само пушачите.

Мит: Ракот на белите дробови ги погодува само постарите лица

Според пулмологот Џон Костело од клиниката Мајо, ракот на белите дробови е почест кај постарите луѓе. Просечната возраст на дијагнозата е 70 години.

„Тоа не значи дека ќе го добиете само ако сте стари. Повеќето луѓе развиваат рак на белите дробови во 60-тите и 70-тите години, по многу години пушење, но повремено се дијагностицира кај помлади луѓе, во нивните 20-ти и 30-ти години“, предупреди тој.

Мит: Само пушењето предизвикува рак на белите дробови

Иако пушењето може да ги зголеми шансите за развој на рак на белите дробови, тоа не е единствената причина.

„Пушењето е причина за повеќето видови на рак на белите дробови и најголем фактор на ризик, но околу 10 отсто од луѓето кои заболуваат од рак на белите дробови никогаш не пушеле“, објаснува медицинската сестра Лиза Жак.

Костело додава: „Постојат канцери на белите дробови кои се генетски и можеби не се поврзани со пушењето, како и оние предизвикани од изложеност на супстанции како што се азбест и радон и пасивен чад, иако овие случаи се релативно ретки“.

Мит: Оштетувањето на белите дробови предизвикано од пушењето е неповратно

Откажувањето од пушењето може да го намали ризикот од развој на рак на белите дробови, но лекарите велат дека е многу подобро воопшто да не почнете со пушење.

Мит: Ракот на белите дробови секогаш е фатален

Дијагнозата на рак на белите дробови не значи сигурна смрт, но е сериозна. Според д-р Костело, ракот на белите дробови има 60 отсто стапка на петгодишно преживување.

„Ако се раширил низ телото за време на дијагнозата, стапката на преживување е само осум проценти“, вели тој.

Затоа, доколку ве загрижува постојаната кашлица, посетете лекар и прегледајте се што е можно поскоро бидејќи раната дијагноза е многу важна за излекување.

Мит: Жените не треба да се грижат за ракот на белите дробови толку многу како за другите видови на рак

Мажите имаат поголема веројатност да заболат од рак отколку жените, но таа процентуална разлика е речиси занемарлива (52 наспроти 48 проценти).

„Ракот на белите дробови е сè поголем проблем кај жените, бидејќи тие ги достигнаа мажите во однос на навиките за пушење, па затоа се изложени на ризик“, вели Костело.

Значи, без разлика дали пушите или не, внимавајте на симптомите на рак на белите дробови, како што се кашлица која трае подолго од две или три недели, повторливи инфекции на градниот кош, отежнато дишење или болки во дишењето и посетете го вашиот општ лекар ако имате каква било загриженост.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе