Пет најдобри намирници богати со влакна за слабеење

Ф.З.
/ 08.04.2024 / 16:53

Ако сакате да ослабете, ефикасна стратегија е во вашата исхрана да вклучите повеќе храна богата со растителни влакна.

Влакната се едни од најдобрите хранливи материи кога станува збор за слабеењето. Го помагаат варењето и ја зголемуваат ситоста, помагаат да се спречи прејадување и ве одржуваат сити и задоволни, а со тоа го поддржуваат губењето на тежината.

Влакната се вид на јаглени хидрати кои се наоѓаат само во растенијата. Иако вашето тело не може да ги вари влакната, оваа суштинска хранлива материја делува како природно средство за чистење на вашиот дигестивен систем.

Следниве намирници се богати со влакна и ќе ви помогнат на вашиот пат кон слабеење.

Малини

Нивоата на антиоксиданси во бобинките се меѓу највисоките од која било храна. Бобинките се одлична закуска кога се обидувате да изгубите тежина, а можете да јадете голема порција за да ја задоволите желбата за десерт, без рафиниран шеќер и недостаток на влакна што ги носи повеќето слатки.

Круши

Крушите се сочни, слатки плодови кои содржат растворливи и нерастворливи влакна за слабеење. Крушите се богати со влакна наречени пектин, за кои истражувањата покажуваат дека може да го подобрат здравјето на цревата, да ја зајакнат функцијата на имунитетот и да спречат запек. Една круша со средна големина содржи само 100 калории, што ја прави одлична ужина за слабеење помеѓу оброците.

Брокула

Брокулата е зеленчук од фамилијата зелки кој е богат со влакна и соединение кое го поттикнува здравјето наречено сулфорафан. Студија на животни од 2022 година покажа дека сулфорафан може да ја намали дебелината и да помогне во умереното внесување храна. Плус, вкусни се кога се готват правилно. Брокулата е неодолива кога се пече и е неверојатно нискокалорична.

Леќа

Леќата е фантастична храна за слабеење бидејќи е преполна и со растворливи и нерастворливи влакна. Мешунките се познати по нивната висока содржина на влакна, а леќата е меѓу најбогатите намирници во семејството на мешунките. Тие се разновидна храна која може да се вклопи речиси насекаде во диетата за слабеење, со можност да ги додадете во речиси секое солено јадење, од супи, салати до прилози.

Чиа

Преполни со влакна, протеини и растителни омега-3 масни киселини, тие можат да апсорбираат вода и да се прошират во вашиот стомак, помагајќи да се чувствувате сити и задоволни. Чиа семето е калорично, затоа внимавајте на вашите порции.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Фит

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе