Пет намирници кои најчесто се поврзуваат со ризик од рак

Правилната исхрана, богата со минерали и хранливи состојки потребни на телото за развој и функционирање, може да помогне да се намалат шансите за развој на одредени видови рак.

Информациите за намирници поврзани со рак доаѓаат од истражувања од релевантни извори како што се Светската здравствена организација и Центарот за канцерогени истражувања во Обединето Кралство.

Постојат одредени намирници кои треба да ги ограничувате и избегнувате.

1. Преработено месо

Според Светската здравствена организација, постојат уверливи докази дека преработеното месо предизвикува рак. Класифициран како канцерогена група 1, посебно е поврзано со рак на дебело црево и желудник.

Примери за преработено месо со канцерогени својства вклучуваат: виршли, шунка, колбаси, јунешко месо, конзервирано месо. Алтернатива може да биде белата риба, белото месо како пилешко или мисиркино.

2. Црвено месо

Црвеното месо е класифицирано како група 2А што значи дека е веројатно канцерогено за луѓето. Најсилната врска меѓу консумирање црвено месо и рак е колоректален рак, но постојат докази и за поврзаност со рак на панкреас и простата.

Препорака е да не јадете повеќе од 65 до 100 г неделно приготвено црвено месо. Алтернатива се грав, мешунки, бело месо или риба.

Некои истражувања сугерираат дека прженото месо може да го зголеми ризикот од рак. Супстанци наречени хетероциклични амини се формираат во храната која се готви на високи температури.

3. Алкохол

Алкохолот е класифициран како канцероген во група 1 што значи дека постојат доволно докази за канцерогеност кај луѓето. Облици на рак посебно поврзани со консумирање алкохол се рак на уста, грло, дојки, црн дроб, желудник и црева.

Консумирањето една чаша вино со вечера нема толку негативен ефект како претераното консумирање неколку видови алкохол во еден ден. Всушност, една студија покажа дека умерената консумација на црвено вино може да биде поврзана со понизок морталитет и намален ризик од коронарни болести и мозочен удар.

4.Засладени или газирани пијалаци

Дебелината е главен фактор ризик за неколку видови рак и затоа е важно да одржувате здрава тежина. Тоа може да се постигне за правилна исхрана која ги вклучува разновидни намирници.

Ако редовно се консумираат слатките пијалаци може да доведат до дебелеење, а во преголеми количини и до прекумерна тежина.

5.Брза или преработена храна

Светскиот фонд за истражување рак препорачува ограничување на брзата храна и другите преработени производи кои содржат висока количина скроб, масти или шеќери, бидејќи тоа помага во внесувањето калории и одржувањето здрава тежина.

Алтернатива се домашен сендвич од леб од цело зрно или салати.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Здравје

Што е сексомнија?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more
 

Магазин

Што е сексомнија?

Читај повеќе

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Читај повеќе

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Читај повеќе

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Читај повеќе
  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе