Пет преведувачи влегоа во последниот круг на селекција за наградата „Драги“

АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА
/ 25.09.2023 / 12:27

Комисијата што ја доделува наградата за книжевен превот „Драги“, во состав: Јана Михајловска (библиотекар и претседател на Библиотекарското здружение на Македонија; претставник на семејството на Драги Михајловски), Лидија Капушевска-Дракулевска (професорка на Катедрата за општа и компаративна книжевност и книжевна критичарка и теоретичарка) и Милан Дамјановски (професор на Катедрата за англиски јазик и книжевност и преведувач), ги соопшти преведувачите кои влегоа во последниот круг на селекција.

На претпоследниот состанок за доделувањето на наградата „Драги“, жирито се одлучи во третиот и последен круг на селекција да влезат 5 преведувачи:

1. Анастасија Ѓурчинова за преводот од италијански јазик на „Пет куси романи и неколку раскази“ од Наталија Гинзбург во издание на Артконект.

2. Златко Панзов за преводот од унгарски јазик на „Заробеништво“ од Ѓерѓ Шпиро во издание на Артконект.

3. Иван Шопов за преводот од хрватски јазик на „На работ од паметот“ од Мирослав Крлежа во издание на Бегемот.

4. Љубица Арсовска за преводот од англиски јазик на „Елизабет Финч“ од Џулијан Барнс во издание на Артконект.

5. Никола Ѓелинчески за преводот од шпански јазик на „Претпесни на постшпански и други песни“ од Хорхенрике Адум во издание на Алеф публикации.

Соопштувањето на добитникот е на 2 октомври во 14 часот.

 
Кусо претставување на петте финалисти

Анастасија Ѓурчинова (1963) е есеистка, преведувачка и универзитетска професорка. Работи како професорка по италијанска книжевност на Катедрата за италијански јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Нејзини полиња на интерес се: италијанистката, компаратистиката, македонистиката, преведувачките студии и транскултурните студии. Објавила неколку монографии, приредила повеќе зборници и составила две антологии. Преведува од италијански на македонски јазик. За својата преведувачка работа двапати ја добила наградата „Златно перо“. Добитничка е на два ордена од претседателот на Република Италија.

Златко Панзов (1979) дипломирал на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности со македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Магистрирал на Институтот за македонска литература, Скопје. Докторанд е на Докторската школа за книжевност при Универзитетот „ЕЛТЕ“ во Будимпешта, Унгарија. Работи како Лектор по македонски јазик на Институтот за славистика и балтичка филологија, Универзитет „ЕЛТЕ“. Од 2005 година активно се занимава со книжевен превод. Досега, самостојно или заедно со Анамарија Цинеге-Панзова, објавил над триесет преводи од унгарски јазик. Од 2019 ја организира манифестацијата „Денови на македонска култура во Будимпешта“. Живее во Унгарија.

Иван Шопов (1987) е македонски писател и преведувач. Дипломирал на Катедрата на општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Автор е на книги раскази, песни во проза, сатирични текстови. Пишува и поезија и хаику. Расказите и песните му се преведени на англиски, романски, чешки, српски, хрватски, германски, словенечки и на бугарски јазик. Заедно со Владимир Лукаш, во 2019 го основа мобилниот културен центар КЦ 750. Работел како уредник во издавачка куќа. Преведува од хрватски, српски, бугарски и од англиски јазик.

Љубица Арсовска (1950) е книжевен преведувач. Главен уредник е на списанието „Културен живот“. Преведува од англиски на македонски и обратно. Досега од англиски ги преведувала Џулијан Барнс, Тони Морисон, Сузан Сонтаг, Арундати Рој, Ијан Мекјуан, Харолд Пинтер, Тенеси Вилијамс и други, а од македонски на англиски Лидија Димковска, Лилјана Дирјан, Ристо Лазаров, Томислав Османли. Таа е еден од основачите на Здружението на преведувачи на Република Македонија (ЗПРМ).

Никола Ѓелинчески (1988) е преведувач од англиски и шпански јазик на македонски и обратно. Бил наградуван на конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“ организиран од Здружението на преведувачи и толкувачи на Македонија (ЗПРМ) и Делегацијата на Европската Унија.  Активен член е на ЗПРМ. Уредил бројни изданија и извршил лектура и јазична редакција на голем број дела. Покрај објавените книжевни преводи, негови преводи на домашни и странски автори се застапени и во неколку печатени и дигитални книжевни списанија и платформи.

На 1 септември 2022 година тимовите на издавачката куќа „Антолог“ и на Фестивалот „BookStar“ дадоа иницијатива да се востанови наградата „Драги“ за најдобар превод на македонски јазик, во што семејството на Драги Михајловски ја даде својата безрезервна поддршка. Заедничката цел беше, од една страна, да се даде прилог кон овековечувањето на животот и делото на Драги Михајловски, а од друга страна, да се постави нов стандард во вреднувањето на преведувачката дејност.

Првото почесно признание постхумно беше  доделено токму на Драги Михајловски. Наградата официјално ќе почне да се доделува  оваа година на годишно ниво на конкурс на кој ќе може да учествуваат сите издавачки куќи и преведувачи со веќе објавен превод.

За наградата можеше да се конкурира со книги објавени во периодот меѓу 1 јули 2022 година и 30 јуни 2023 година.

Објавените книги мора да бидат преведени од оригинален јазик, а може да се конкурира со дела преведени од „живи“ и од класични јазици (арапски, старогрчки, санскрит и латински јазик).

Наградата се доделува за превод на дела од сите книжевни видови: проза, поезија и драма.

Право на номинација за наградата имаат издавачки куќи, здруженија на граѓани и преведувачи.

Секоја издавачка куќа или здружение на граѓани имаат право да номинираат најмногу пет книги, а секој преведувач има право да номинира најмногу две книги.

Еден преведувач не може да биде номиниран со повеќе од еден превод.

Конкурсот беше отворен до 30 јуни 2023 година.  

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Култура

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Read more

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Read more

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Read more

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе