Пет причини поради кои никогаш не треба да имате врска со оженет маж

Љубовните односи често не се едноставни, па ни романтични какви што треба да бидат. Во потрага по вистинскиот, многупати се случува да наидете на погрешен маж. Меѓу нив и оние оженетите.

Постојат многу причини зошто врската со женет маж не е најпаметна одлука во животот. Со таквата врска може да повредите многу луѓе кои не го заслужуваат тоа, па и вие да завршите со скршено срце.

Тоа е едноставно погрешно

Од сите причини кои може да ги наведеме, оваа треба да биде примарна и да ве држи подалеку од женети мажи. Какви оправдувања и да постојат, никој не може да го побие фактот дека тоа едноставно е погрешно.

Си дозволувате некој да ве лаже

Една од најзначајните причини поради кои не треба да влегувате во врска со оженет човек е фактот дека му дозволувате да ве лаже. Што и да ви вети или каже, тоа ќе биде лага. Колку и да биде уверлив дека ќе си ја остави жената поради вас или некоја друга, тој лаже. Исто така лаже дека нема секс со жена му. Некои оженети мажи уживаат истовремено да имаат две жени, при што секоја верува дека е сакана.

Еднаш прељубник, засекогаш прељубник

Кога љубовница ќе стане жена на некој, нејзиното место останува празно. Мажот кој еднаш изневерил, кој е во состојба да си ја изневери жената со која е во брак, не е некој во кој може да имате доверба. Дури и да успеете да направите тој да си ја остави жената поради вас и да се омажите за него, не постои гаранција дека тој нема да го повтори тоа однесување и вас да ве изневери.

Кој сака да биде со маж кој ќе си ги остави сопствените деца?

Доколку мажот со кој сакате да имате врска е оженет и има деца, тоа е најлошата комбинација во која може да се впуштите во животот. Дали навистина сакате да бидете со некој кој може да си ги остави децата поради личните себични потреби? Размислете добро пред да направите таков чекор, последиците се тешки.

Се согласувате да бидете втората жена

Кога ќе се впуштите во врска со оженет човек, тоа значи дека свесно сте се согласиле на тоа да бидете втора во животот. Неговата сопруга и децата секогаш ќе бидат на првото место, а вие ќе му бидете резерва. Под претпоставка дека станува збор за тајна афера, односно жена му се уште не знае за вас, вие нема да може лесно да го контактирате, ниту тој ќе биде покрај вас во најважните моменти во животот.

Дали навистина сакате ваков маж покрај себе?

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Љубов и секс

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе