Пет работи што можеби не сте ги знаеле за Анџелина Џоли

Таа е Спелман-мајка

Најстарата ќерка на Џоли, Захара, моментно е запишана на престижниот историски колеџ „Блек Спелман“ во Атланта, Џорџија. Џоли не можеше да не објави со гордост за нејзината прва посета на кампусот огласувајќи се на Instagram: „Многу посебно место и чест е да имам член на семејството да биде една нова Спелман-девојка“. Напред, Јагуари!“

Во 2013 година направи храбар чекор за подобрување на своето здравје

Џоли во авторски текст за The New York Times пред една деценија откри дека се решила за превентивна двојна мастектомија со цел да го ублажи ризикот од рак на дојката и јајчниците, кој беше голем за неа како носител на генот BRCA1. „Моите шанси да развијам рак на дојката се намалија од 87% на помалку од 5%“, напиша Џоли по операцијата.

Има 16 тетоважи

Фактот дека Џоли е љубител на уметноста на телото не е баш тајна, но малкумина знаат колку вкупно тетоважи има. Тетоважите вклучуваат координати од родното место на нејзините деца, поднаслов на драма од Тенеси Вилијамс и латински превод на фразата: „Она што ме храни, ме уништува“.

Долго време беше дипломат

Во април 2012 година Џоли ја доби титулата специјален пратеник по долгогодишна работа како амбасадор на добрата волја на Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации. Таа се повлече од оваа функција по 10 години, во декември 2022 година.

Не се плаши да им се приближи на инсекти

Во 2017 година Џоли беше снимена како за своите деца пржи камбоџански деликатеси од штурец, скорпија и тарантула. „Шајло сака тарантула, сака бубачка“, откри Џоли на „Добро утро, Америко“. „Тие може да изедат вреќа штурци како вреќа чипс“.

Таблоидите неодамна пренесоа една нејзина изјава.

Холивудската дива има важна порака за секој што се чувствува дека е поинаков: „Да си поинаков е добро. Ако некој ви каже дека сте поинакви, насмевнете се, држете ја главата горе и бидете горди“.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Read more

Филм & ТВ

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more
 

Сцена

  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе