Пет растенија со чие одгледување на природен начин ќе се ослободите од комарците

Потоплото време го означи и доаѓањето на комарците. Затоа, не е лошо да знаете неколку начини како да се ослободите од нив во вашето секојдневие. Ако засадите некои од овие растенија, комарците ќе исчезнат од вашиот дом.

Одредени растенија ги одбиваат комарците поради нивниот карактеристичен мирис. Покрај тоа, многу од овие растенија не се само естетски, туку и корисни во секојдневниот живот. Некои од нив служат како зачин, а некои како лек.

Невен

Невенот се препознава по светлата боја, а има и пријатен мирис. Можете да го одгледувате во двор или да го чувате во саксии на балконот. Освен комарците, ги одбива и вошките, мушичките, црвите и разни бубачки штетници, па поради тоа често ги краси градините.

Нане

Нането е добар избор за одбивање на комарци, но и на муви и мравки. Нането можете да го одгледувате и во саксии и да го чувате на тераса, а може да се користи и кога ќе се исуши. Покрај тоа, одлично е како додаток на освежителни лимони и ледени чаеви.

Босилок

Босилекот поради силниот мирис е сличен на нането и затоа одбива многу инсекти. Добро делува и како средство за заштита од муви. Она што се советува при одгледувањето на ова растение е да се одржува влажна почвата во која е засадено.

Рузмарин

Рузмарин често го препорачуваат градинарите. Покрај комарците, неговиот мирис одбива и разни видови молци и муви кои напаѓаат овошје и зеленчук. Неговата предност е што успева во суви области, па може да преживее високи температури.

Лаванда

Лавандата содржи есенцијални масла во листовите, поради што многу инсекти ја избегнуваат. Затоа и не е чудно што пакувањата со кеси од лаванда се ставаат во плакарите, бидејќи на тој начин се бркаат молците. Ова растение бара многу сончева светлина и добра дренажа.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more
Величествен крај: Кинеската вселенска лабораторија изгоре во атмосферата на Земјата

Величествен крај: Кинеската вселенска лабораторија изгоре во атмосферата на Земјата

Read more
Прв смртен случај од корона вирусот надвор од Кина, вкупно 305 починати досега

Прв смртен случај од корона вирусот надвор од Кина, вкупно 305 починати досега

Read more

Живот

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Read more

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе