Пет видови на храна што го намалуваат нивото на шеќерот во крвта

Луѓето со дијабетес често мора да го променат својот животен стил и навиките во исхраната за да го одржат нормалното ниво на шеќер во крвта.

Освен со лекови, дијабетичарите можат да го регулираат и нивото на шеќер во крвта преку исхрана, а овие пет видови на храна се одличен и многу здрав избор кој треба да се најде на нивното мени бидејќи влијаат на намалување и регулирање на нивото на шеќер во крвта.

Јаткасти плодови и семиња

Јаткастите плодови и семките се богати со здрави масти, протеини и влакна, кои можат да помогнат во контролата на шеќерот во крвта. Храната како бадеми и чиа семе може да се комбинираат во различни јадења, а јаткастите плодови може да се јадат независно како ужина и здрави грицки.

Овошје од бобинки

Овој вид овошје содржи малку шеќер и многу влакна и антиоксиданси. Редовното консумирање на овие видови бобинки може да ја подобри чувствителноста на инсулин и да го намали ризикот од компликации предизвикани од дијабетес, пренесува Health Shots.

Цели зрна

Житариците имаат низок гликемиски индекс, што значи дека предизвикуваат побавно зголемување на шеќерот во крвта во споредба со рафинираните житарици.

Мешунки

Мешунките се одлични извори на протеини и влакна кои помагаат да се стабилизира нивото на шеќер во крвта и да се намали ризикот од отпорност на инсулин. Оваа состојба подразбира недоволен одговор на гликозата на ендоген или егзоген инсулин, тоа е потреба од поголема количина на инсулин за да се постигне биолошки ефект во концентрација која е ефикасна кај здрави индивидуи.

Лиснат зеленчук

Зеленчукот како што е спанаќ, кељ и другите зелени зеленчуци се богати со влакна кои ја забавуваат апсорпцијата на шеќер во крвотокот, а со тоа спречуваат нагли падови и скокови на шеќерот во крвта. Овој зеленчук може да се јаде на различни начини и во различни комбинации, од салати, чорби, смутија до здрави природни сокови.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Здравје

Засиленото опаѓање на косата може да укаже на недостаток на хранливи материи и разни здравствени проблеми

Read more

Алармантен број млади луѓе заболуваат од три типа на рак

Read more

Што се случува во телото кога јадете јагоди?

Read more

Нефролог откри која храна е најдобра за здравјето на бубрезите

Read more
 

Магазин

Засиленото опаѓање на косата може да укаже на недостаток на хранливи материи и разни здравствени проблеми

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Читај повеќе
  • play_arrow

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Читај повеќе

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Читај повеќе

Алармантен број млади луѓе заболуваат од три типа на рак

Читај повеќе

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Читај повеќе

Што се случува во телото кога јадете јагоди?

Читај повеќе

Нефролог откри која храна е најдобра за здравјето на бубрезите

Читај повеќе