Пет занемарени намирници кои се одличен извор на железо

Железото е исклучително важен минерал за нашето тело. Го внесуваме преку исхраната, а е важен дел од хемоглобинот, протеин кој го пренесува кислородот во телесните ткива.

„Железото е важно за поддржување на здравјето на сврзните ткива, мускулниот метаболизам и другите процеси во човечкото тело. Ако не внесувате доволно железо, може да развиете анемија. Тоа може да биде сериозна состојба која доведува до симптоми како нарушени когнитивни функции, ослабен имунитет и умор“, вели нутриционистот Ејми Горин за Менќс Хелт.

Поради менструалниот циклус, жените почесто развиваат анемија за разлика од мажите.

Кои вкусни намирници содржат железо?

Црн грав

Црниот грав е богат со протеини и антиоксиданси. Една шолја варен грав содржи 3.62 милиграми железо. Одлична опција е за вегетаријанците, на кои им е потребно двојно повеќе железо во однос на оние кои јадат месо.

Спанаќ

Со шолја сварен спанаќ внесувате 6 грама железо. Спанаќот може да го додавате во омлет или во салати.

Мисиркини гради

Освен што содржат железо, имаат и многу протеини кои кога се дел од исхрана богата со зеленчук се поврзуваат со помал ризик од развој на дебелина, дијабетес и срцеви заболувања. Се препорачува мисиркино месо да јадете во свеж облик, не како деликатес.

Семки од тиква

Семките од тиква се добар извор на железо и еден од најдобрите извори на магнезиум, кој им помага на мускулите да се опуштат. Семки од тиква може да ги додадете во смути, салати, јогурт, тестенини, супи и слично.

Суви кајсии

Станува збор за овошје кое содржи најмногу железо. Преполни се со антиоксиданси кои помагаат да се неутрализираат слободните радикали така што штитат од болести како дијабетес и срцеви заболувања.

Тагови
реклама

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе