Пет земји ќе добијат повик: Признајте го Косово

Европскиот парламент повторно ќе ги повика петте земји на ЕУ кои ја немаат признаено независноста на Косово да го сторат тоа што е можно поскоро, се вели во нацрт-извештајот, објави B92.net.

Нацртот го подготви известувачот за Косово, Виола фон Крамон, во Комитетот за надворешна политика.

Според документот, повикот не е ништо ново, бидејќи Европскиот парламент е сè уште единствената институција на ЕУ што го третира Косово како држава и бара од земјите-членки да го признаат косовското државјанство, пренесува Радио Слободна Европа на албански јазик.

„Забележано е дека пет земји-членки не го признаваат Косово и тие се повторно повикани да го направат тоа. Се нагласува дека признавањето би било во корист на нормализирање на односите меѓу Косово и Србија“, се наведува во нацрт-извештајот.

Голем дел од извештајот е посветен на дијалогот меѓу Белград и Приштина и во него се поздравува продолжувањето на дијалогот и посветеноста во тој процес.

Приштина и официјален Белград се повикани да продолжат со конструктивниот ангажман во потрагата по сеопфатен договор, но и да ги спроведат досега постигнатите договори.

Исто така, се наведува и договорот постигнат во Вашингтон на 4 септември за нормализирање на економските односи и се нагласува дека трансатлантската соработка е клучен фактор на стабилност во регионот, па се повикува на повеќе напори за откривање на судбината на исчезнатите лица од последната војна на Косово.

Извештајот го поздравува формирањето на Регионална комисија за факти за воени злосторства и сериозни повреди на човековите права на територијата на поранешна Југославија.

„Апелираме на поголеми напори да се разгледаат тврдењата на роднини на исчезнати лица, да се отворат воените архиви и да се обелоденат податоците за лицата кои сè уште се водат како исчезнати од војната во Косово 1998-99“, се вели во документот.

Како што се наведува, извештајот се однесува на период од две години, бидејќи минатата година немаше извештај на ЕП поради изборите во ЕУ.

Во нацрт-извештајот се наведува дека Косово продолжува да страда од политичка нестабилност, особено по парламентарните избори во октомври 2019 година и се додава дека треба да ги засили напорите за решавање на владеењето на правото, функционирањето на институциите и економскиот развој.

Во извештајот се подвлекува дека Косово останува единствената област во регионот на Западен Балкан чии граѓани имаат потреба од визи за да патуваат во Шенген зоната, иако Косово ги исполнува сите услови за визна либерализација од 2018 година.

Во документот се споменува и дека Косово треба да ги засили напорите за борба против корупцијата и дека треба да ги зголеми своите капацитети за производство на енергија од алтернативни извори.

Извештајот најпрво ќе се дискутира во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, каде ќе се гласа, а потоа ќе се дискутира и ќе биде усвоен како резолуција на Европскиот парламент за време на пленарната седница.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Регион

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Read more

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Read more

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more
 

Вести

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе
  • play_arrow

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Читај повеќе

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе