Пет знаци дека некој не ја заборавил старата љубов

Пет знаци откриваат дали некоја личност сѐ уште размислува за својот поранешен партнер или партнерка.

Започнавте нова романса, розите цветаат, но имате впечаток дека вашиот нов партнер никако не може да ја заборави поранешната љубов? Овие знаци јасно ќе ви го покажат тоа – доколку ги забележите, големо прашање е дали вашата врска има иднина. Терапевт за парови открива 5 знаци дека некој не ја заборавил поранешната љубов.

„Овие знаци не мора да значат дека некој не може да продолжи да гради врска со вас, но тие можат да покажат дека на личноста ѝ треба време и простор за да се излечи од претходната врска“, вели терапевтка за парови Џени Ворвик зборувајќи за Metro.

Од уста не ја вадат поранешната љубов

„Ако често ја спомнуваат бившата во разговор, тоа може да укажува на нерешени чувства и дека сè уште ги обработуваат своите емоции“, објаснува Џени.

Ако бившата љубов доминира во мислите и разговорите на вашиот партнер, тоа е сигнал дека таа сè уште зафаќа огромен ментален простор. Иако може да изгледа како безопасно озборување, забележете колку често ја спомнува. Исто така, ако има тенденција да стане нервозен или емотивен кога зборуваат за бившата, тоа е знак дека навистина не дозволиле нивното минато да биде - минато.

Постојано им ги гледаат профилите на социјалните мрежи

Можеби до токли не ги демнат, но постојано проверуваат што има ново на нивните профили на Instagram и Facebook.

„Прекумерното проверување на социјалните мрежи на поранешната љубов може да укаже на долготрајни чувства. Можеби ќе има потреба да се прекине врската ако некој постојано го живее животот на својата поранешна на интернет“, вели Џени.

Емоционален багаж

„Ако имаат нерешени емоционални прашања од претходната врска, како што се проблеми со довербата или тешкотии да ви се отворат, тоа може да значи дека сè уште се справуваат со последиците“, објаснува Џени.

Исто така, внимавајте на однесувањето топло/ладно на вашиот партнер со вас - знак дека можеби ги вклучува и исклучува своите емоции додека сè уште се справува со внатрешните љубовни превирања затоа што има чувства кон бившата.

Споредба

Сите знаеме дека споредбата е крадец на радоста, а тоа не е случај само кога се критикуваме самите себе. Ако вашиот партнер постојано ве споредува со неговата поранешна љубов, тоа не е добар знак.

„Постојаното споредување со некој од претходната врска, без разлика дали е во позитивно или негативно светло, сугерира дека тие допрва треба целосно да продолжат понатаму и сѐ уште не ја исфрлиле претходната врска од својот систем“, додава Џени.

Емоционална дистанца

„Ако се борат со емоционална интимност или имаат потешкотии целосно да се посветат, тоа може да биде знак дека се воздржуваат поради нерешените чувства од претходната врска“, додава Џени.

Ако врската не се движи на следното ниво, тогаш блокот може да биде друга личност од минатото - со други зборови, поранешна љубов. А, ако зафаќа толку голем простор, тоа значи дека нема место за нова.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Љубов и секс

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more

Венера влезе во Бик – љубовен ураган до 23 мај

Read more

На која возраст луѓето најчесто изневеруваат во љубовните врски?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Читај повеќе

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Читај повеќе
  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе