Пет знаци дека сте ја пронашле сродната душа

Б.С.Б.
/ 29.11.2022 / 17:25

Постои верување дека за секој постои некој со кој ќе остане до крајот на животот. Сепак, нема сомнеж дека повеќето луѓе веројатно прво ќе бакнат неколку „жаби“ пред да ги најдат своите принцови и принцези.

Но, ако ги имате овие 5 работи во вашата врска, веројатно веќе сте со љубовта на вашиот живот.

1. Имате силна физичка и емоционална врска

За да бидете во љубовно партнерство, неопходно е не само да имате физичка привлечност еден кон друг, туку и да се поврзете на емотивно ниво. Психотерапевтот Ли Филипс смета дека ова е првиот знак кој укажува на успешна и долготрајна врска.

„Кога луѓето ќе ја најдат љубовта на својот живот, мора да имаат емотивна и физичка врска“, вели тој. „Емоционалното поврзување доаѓа од самата ранливост. Ова може да вклучува споделување тајни, настани од минатото, трауми од детството, длабоки стравови и потреби, како и работи што ве прават љубоморни“.

Ако емоционалната и физичката врска започне бавно, не се грижете бидејќи нема потреба од брзање.

2. Партнерот се чувствува како дома

Луѓето често велат „Домот е таму каде што е срцето“, а тоа не може да биде поточно кога станува збор за наоѓање на љубовта на вашиот живот. Џејми Бронштајн, лиценциран терапевт за односи, вели дека ако вие и вашиот партнер се гледате еден со друг како ваши „домови“, засолништа, тоа е одличен знак за искрена љубов.

„Кога ќе ја пронајдете љубовта на вашиот живот, доживувате прекрасно чувство на блискост со оваа личност. Колку и да звучи клише, исто така ќе се чувствувате како отсекогаш да сте се познавале. Чувствувате смиреност во срцето кога сте околу него“, вели Бронштајн.

3. Имате заеднички вредности

Меган Харисон, лиценциран терапевт за брак и семејство, вели дека е важно да имате заеднички вредности со вашиот партнер.

„Еден од главните знаци дека сте го нашле вистинскиот партнер е кога ќе откриете дека имате многу заеднички работи со таа личност, односно споделувате слични цели и аспирации за иднината. Уживате во заеднички поминатото време заедно и сакате да се запознаете подобро“, вели таа.

4. Партнерот ги сака вашите несовршености

Љубовта не е секогаш цвеќе, работите понекогаш ќе станат и грди. Но, ако вашиот партнер продолжи да ве сака и покрај вашите грешки и да ве подигне наместо да ве омаловажува, секогаш кога ќе направите грешка, тогаш сте со вистинската личност.

Експертот за врски Самира Саливан вели дека ако вашиот партнер бил сведок на вашите најлоши моменти и сè уште ве сака, тоа е знак дека вашата врска може да трае вечно. Дури и ако има некои мали навики и работи кои не ви се допаѓаат и не ви се целосно симпатични, не би промениле нешто еден кај друг.

Никој не е совршен и ако најдете некој кој ве цени такви какви што сте, тоа е знак за голема љубов.

5. Имате здрави граници еден со друг

Границите се неверојатно важни во партнерството бидејќи ви помагаат вам и на вашиот партнер да оцените што ви е удобно, а што не. Филипс вели дека имањето здрави граници е од суштинско значење и сигурен знак дека сте ја нашле љубовта на вашиот живот.

„Во сите врски има граници, вклучувајќи ги и интимните. Границите ја одржуваат врската балансирана. Тие можат да го зајакнат секој партнер, да спречат мешање и незадоволство“, смета Филипс.

Тагови
реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Фејл-компилација очекувања наспроти реалност

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе