Говорот на телото никогаш не греши. На почетокот на врската работите ги гледаме низ розови очила, па не е лесно да се заклучи дали навистина сме се зближиле со партнерот.
Кога односот го гледате низ розови очила, нормално е некои работи да ги преценувате, па и потценувате. Експертите за врски извојуваат неколку знаци кои укажуваат дека меѓу вас постои силна хемија или привлечност.
1. Сакате да се погледнете в очи
Контактот со очите, особено продолжениот контакт е прв знак за интерес. Во очите на другиот се гледа нешто посебно топло и блиско.
2. Случаен допир
Тоа не мора да биде еротски допир. Може да биде лесен допир по рамето, коленото, раката или косата. Кога рацете случајно ќе се допрат. Чувствувате топлина во срцето.
3. Флертувате и во текот на сериозен допир
Ако кој било разговор се сведува на флерт, тогаш тоа е почеток на сексуална хемија. Ваквите флерт разговори може да траат вечно, бидејќи носат неверојатно задоволство.
Заедно се смеете, а смеата и флертот често се поврзани и претставуваат позитивна реакција на тоа што се случува.
4. Не забележувате никого во близина
Можеби околу вас има колеги, минувачи, патници но вам ви се чини дека сте само вие двајцата во целиот свет.
5. Уживате заедно во тишина
Ви е пријатно заедно дури и кога молчите и уживате во тишина.