Крајот на годината е резервиран за правење листи на најдоброто и најлошото од годината што изминува. Variety објави листа од најлошите филмови кои ја одбележа 2022 година. Не им помогнаа ниту звучните актерски имиња.
„Станува збор за филмови кои беа толку лоши што скоро нè предизвикаа да ги опишеме сите начини на кои згрешиле. Ако мислите дека сме злобни, така нека биде. Сакаме да мислиме дека сме во право, пишуваат критичарите.
За кои филмови станува збор и дали веќе ги гледавте?
Amsterdam
„Ужасниот филм може да биде досаден. Или може да биде застрашувачки, парализирачки. Или може да биде импулисвен и вљубен во тој свој аспект“, пишува Variety, додавајќи дека бизарното фијаско на Дејвид О. Расел ги обединува сите овие аспекти во едно.
Критичарите не се одушевени ни од петтиот дел на анимираниот филм. Гру е претставен како 11-годишник кој сонува да порасне во супер негативец. И токму тоа е проблемот.
Гру веќе одлучил што ќе биде, со што е отстранет факторот на подем во приказната и направи впечаток како Гру отсекогаш да знаел каква му е судбината.
Филмов наиде и на негативни критик кај публиката, која утврди дека во два часа и 10 минути, колку што трае филмов, буквално ништо не се случува.
Firestarter
Филмот од 1984 година со Дру Баримр, доби нова верзија во која експлодираат сцени во огромен пламен, но филмот никогаш не се запали, пишува Variety.
„Џорџ Милер е визионер кога снима филмови за Лудиот Макс. Но, не и за други филмови“, критикува Вариети и додава дека неговата адаптација за „Three Thousand Years of Longing“ е „празна“.
Не помагаат ни звучните имиња како Идрис Елба и Тилда Свинтон.