Петуниите можат да цветаат со месеци - тајната е во полевањето

Според легендата, во домот каде што се одгледуваат петуниите можат да донесат само среќа и просперитет. Ако сакате добро да се грижите за нив, погрижете се да ги полевате во посебно време од денот.

Сурфинија, помала висечка врста на петунија, се популарни цветни растенија, особено за тераси, балкони и прозорци. Тие изобилно цветаат во разни бои од мај до октомври. Бараат многу грижа и се препорачуваат на љубителите на цвеќиња кои ќе им го посветат потребното внимание. Сурфинија, хибрид на петунија, потекнува од Јапонија од 1992 година и оттогаш се рашири на сите страни во светот.

На сурфинијата ѝ одговара сончево место на кое има најмногу сонце во текот на денот. Доколку се посади на полусончево место, за време на летото треба да се полева еднаш дневно. На сончево место сурфинијата бара полевање барем двапати во денот.

Најважно е сурфинијата никогаш да не остане без влага. Треба редовно да се полева, но умерено за да не дојде до скапување, и тоа рано наутро или навечер со млака вода. Се препорачува полевање со вода сиромашна со бигор (стоена вода). При полевањето не треба да се мократ листовите. За полевањето да биде едноставно може да се монтира систем за полевање капка по капка, или растението да се посади во самополевачлка саксија.

Земјата за сурфинијата треба да бидфе богата со макро и микро елементи, пред сѐ железо.

Колку е посветла бојата на цветот на сурфинијата, толку е поголема нејзината потреба за ѓубриво. Еднаш неделно, сурфинијата се храни со ѓубриво за сурфинија, кое е збогатено со фосфор и железо. Ако листовите на сурфинија се бледи и светли, а лисните вени се јасно видливи на нив, тоа значи дека хранењето не е доволно.

Најмалку двапати во сезона сурфинијата фрла голем број цветови и листовите стануваат релативно жолти. Ова е нормален феномен и укажува на тоа дека треба да го зголемите хранењето. За една недела ќе биде уште поубава и со многу цветови. Сувите цветови и лисја од сурфинијата не смеат да се вадат, бидејќи ако се откине некој зелен дел од растението, на откорнатото место се појавува рана каде што може да се зафатат бактерии и други предизвикувачи на болести.

Ако листовите на сурфинијата често се сушат и пожолтуваат, ова може да биде показател дека треба да се засили хранењето. Сурфинијата превентивно се прска со фунгициди против мувла, инсектициди на секои три до четири недели и акарициди против грини.

Многу успешно размножување на сурфинија е со сечење. Сурфиниите се садат во висечки корпи, саксии, жардинери или кутии на тераси, балкони, прозорци. За саксија од 60 сантиметри доволни се три садници. Ако грижата за сурфиниите е правилна, а особено ако се добро снабдени со вода и хранливи материи, тие ќе станат интересен цветен детаљ во секоја надворешност од домот.

Тагови
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Живот

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Read more

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе