Планетата Земја од денеска веќе живее на еколошки кредит

Човештвото заклучно со денешниот ден ги има потрошено сите природни ресурси што годишно може да ги обезбеди планетата Земја, така што влегува во „еколошки долг“ два дена порано отколку лани.

Денот кога се прекорачуваат земјините ресурси од 1970 година наваму настапува сè порано, освен во 2020 кога тоа беше на 22 август, за што причина беше намалената потрошувачка на ресурсите поради пандемијата.

Глобална мрежа за истражување „Глобал футпринт нетворк“ што секоја година го пресметува тој датум, соопшти дека на глобалната популација за обнова на се се она што го троши и е потребен биокапацитет од 1,75 од Земјата.

Три милијарди луѓе живеат во земји што произведуваат помалку храна отколку што консумираат и заработуваат помалку од светскиот просек, се наведува во извештајот.

Исто така, 72 отсто од светското население живее во земји со дефицит на биокапацитет и помали приходи од светскиот просек.

Во соопштението се посочува дека 60 отсто од еколошкиот отпечаток на планетата се состои од емисии на јаглерод диоксид и дека тие мора да се сведат на нула до 2050 година за да се избегнат брзите климатски промени.

Фактот дека пречекорувањето на ресурсите трае веќе 50 години значи дека вкупните годишни дефицити создадоа долг за животната средина еквивалентен на 19 години планетарна регенерација.

„Резултатот е широко распространета деградација на еко-системот и атмосфера исполнета со гасови со ефект на стаклена градина“, се наведува во соопштението.

Пресметано е дека доколку човештвото го пролонгира датумот на надминување на ресурсите за шест дена секоја година, до 2050 планетата ќе ги обезбеди сите потреби на населението на Земјата. Што се однесува на поставените цели за ограничување на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови, датумот би морал да се одложи за десет дена.

Извештајот нагласува дека постојат многубројни и економски исплатливи можности за постигнување на тие цели. Меѓу препорачаните се мерки за двојно намалување на отпадот од храна, подобрување на велосипедската инфраструктура и производство на повеќе електрична енергија од ветер.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе