Во капсула на Crew Dragon

По 177 дена во вселената астронаутите се вратија на Земјата

Астронаутите кои отпатуваа на Меѓународната вселенска станица и престојуваа на неа во склоп на мисијата Crew-3, се вратија на Земјата.

Астронаутите се вратија безбедно во капсула на Crew Dragon која се спушти во Мексиканскиот Залив. Станува збор за Crew Dragon Endurance, која првиот лет со астронаути го имаше во ноември, 2021 година.

НАСА го сними спектакуларното видео од враќањето на астронаутите на Земјата. Како што може да се види, капсулата свети со инфрацрвена светлина, веројатно поради високата температура во текот на влегувањето во Земјината атмосфера.

Во капсулата беа астронаутите Кајла Барон, Раја Чари и Том Маршбурн на НАСА, како и астронаутот Матиас Маурер на ЕСА. Токму Маурер е единствениот астронаут ветеран со петта вселенска прошетка во текот на мисијата Crew 3.

Екипажот мина 177 дена во орбитата, а мисијата уште на почетокот имаше проблем бидејќи астронаутите мораа да побараат засолниште во транспортно летало кога Станицата минуваше покрај опасното поле на вселенскиот отпад.

Следната мисија на SpaceX со екипаж кој патува на Станицата е закажана за септември. Тогаш ќе отпатуваат двајца астронаути на НАСА, еден член на јапонската вселенска агенција и еден руски космонаут.

URL
Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе