По 40 години фатен крадец - доби еден ден затвор

Американски крадец на антиквитети, Томас Гавин, по неколкудецениско крадење имал само едно објаснување за грабежите на музеите: сака да собира стари работи, пренесува BBC.

Гавин сега е осуден на еден ден затвор откако бил фатен како се обидува да продаде ретка пушка од Американската војна за независност. Кога бил испрашуван, тој признал уште десетици грабежи во 60-тите и 70-тите години од минатиот век и се извинил за проблемите што ги предизвикал поради своето хоби.

Обвинителите во вторникот рекоа дека „правдата конечно стигна“, четири децении подоцна.

Сега 78-годишниот Гавин, жител на Потсвил во Пенсилванија, се изјасни за виновен за продажба на културното наследство украдено од музејот.

Гавин признал дека во 1971 година украл стара пушка од музејот на државниот парк Вали Форџ, направена во 1775 година од мајстор за оружје.

Пушката Christian Oerter е една од двете за кои е познато дека преживеале со оригиналниот механизам од кремен кој го носи името на производителот, локацијата и датумот на производство. Вреди повеќе од 175.000 долари.

ФБИ го пронашол Гавин откако тој се обидел да ја продаде пушка и други украдени предмети на антиквар во јули 2018 година.

Дилерот подоцна им рекол на новинарите дека сфатил дека пушката била украдена откако видел дека се споменува во книга од 1980 година, напишана од експерт за стари пушки.

„Кражбата на артефакт од музеј - поточно парче од американската историја - е сериозен федерален прекршок“, стои во соопштението на американската државна обвинителка Џенифер Арбитер Вилијамс.

„После четири децении, правдата конечно го стигна овој обвинет“, додаде таа.

Со еден ден зад решетки, Гавин беше осуден на три години условна казна, вклучително и една година домашен притвор, како и парична казна од 25.000 долари и отштета од 23.385 долари.

Кога бил испрашуван од ФБИ, Гавин признал дека украл пушка, заедно со други стари пушки од 18 и 19 век од музеи низ целата земја.

Судијата вели дека во сила стапила застареноста на многу од кражбите.

Гавин, сега врзан за инвалидска количка, изразил каење.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе