Капсулата Dragon на SpaceX безбедно се спушти на Земјата во 3:33 часот по средноевропско време, со четворица астронаути кои минаа 6 месеци на Меѓународната вселенска станица.
Астронаутите слетаа успешно на брегот на американската сојузна држава Флорида, по повеќемесечен престој на Станицата. Французинот Томас Песке, Американката Меган Мекартур, Американецот Шејн Кимброу и Јапонецот Акихико Хошида престојуваа на Станицата од 24 април.
По слетувањето беа пречекани од специјална екипа која ги извлече од капсулата бидејќи не можеа да одат по престојот во бестежинска состојба.
На Меѓународната вселенска станица, која е околу 400 км над Земјата, остана екипа од двајца руски и еден американски астронаут.