По низата несогласувања, Лавров ја напушти седницата на Г20

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров го напушти министерскиот состанок на Групата Г20 додека германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок од говорницата ја критикуваше Москва поради војната во Украина.

Министрите за надворешни работи на државите-членки на групата Г20 на состанокот што се одржува на островот Бали демонстрираа длабоки несогласувања по однос војната во Украина, како и за глобалните последици од тој судир.

На состанокот на кој првпат од почетокот на руската инвазија врз Украина на исто место беа Лавров и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, домаќинот Индонезија упати емитивен апел за единство и окончување на војната.

Индонезиската министерка за надворешни работи Ретно Марсуди ги повика учесниците, меѓу кои и шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји, да ја надминат меѓусебната недоверба заради планетарните предизвици, од пандемијата на коронавирусот, преку климатските промени до војната во Украина.

Таа посочи дека сиромашните и земјите во развој се соочуваат со недостиг на гориво и жито како последица на војната во Украина, нагласувајќи ја одговорноста на групата Г20 за сериозен пристап кон предизвиците.

Независно таквиот апел, впечатоците од собирот се дека е невозможно постигнување консензус во мигови на длабоки поделби меѓу Истокот и Западот, со Кина и Русија на една и САД и Европа на друга страна.

Агенциите објавуваат дека Лавров и Блинкен не покажале било каков интерес еден за друг и воопшто не планираат средба.

Лавров кој веднаш по обраќањето ја напушти салата, а набргу и состанокот, изјави дека Русите не се тие „кои ги прекинале сите контакти туку САД“.

„Тоа е сè што можам да кажам. И не трчаме по кој било што ќе закаже состаноци. Доколку сакаат да зборуваат, тоа е нивен избор“, рече шефот на руската дипломатија.

Блинкен набргу потоа директно ја обвини Москва дека блокира милиони тони жито во украинските пристаништа и со тоа предизвикува недостиг од храна во големи делови на светот.

„Порака до нашите руски колеги: Украина не е ваша земја. Нејзиното жито не е ваше. Зошто ги блокирате пристаништата? Треба да дозволите излез за житото“, рече Блинкен.

Пред да го напушти состанокот Лавров двапати излезе од салата, и тоа кога на говорницата беше Аналена Бербок и непосредно пред обраќањето на украинскиот министер за надворешни работи Дмитри Кулеба.

Една од целите на денешниот состанок беше поставување основа за ноемврискиот Самит на Г-20 на кој домаќин ќе биде Индонезија.

Русија и натаму е членка на Г20 независно санкциите што Запад ги воведе против неа поради војната во Украина, но САД и нивните сојузници најавија дека ќе го бојкотираат престојниот Самит доколку на него биде повикан рускиот претседател Владимир Путин.

Украина не е членка на Групата, но нејзиниот претседател Володимир Зеленски е повикан да присуствува на престојниот Самит. Зеленски рече дека нема да патува во Индонезија доколку дотогаш војната не заврши.

Министерскиот состанок на Г20 започна само неколку часа по поднесената оставка на британскиот премиер Борис Џонсон, по што британската министерка за надворешни работи Лиз Трус го напушти состанокот, а за време на состанокот се случи и нападот врз поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе кој подоцна им подлегна на повредите.

Членки на Г20 се САД, Русија, Кина, Обединето Кралство, Германија, Франција, Италија, Турција, Канада, Мексико, Бразил, Аргентина, Индија, Јапонија, Јужна Кореја, Австралија, Индонезија, Саудиска Арабија, Јужна Африка и Европска Унија. Тие имаат удел од 80% во светската економија и сочинуваат околу две третини од светската популација

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

Свет

Сонот за независност на Каталонија опаѓа: Сепаратистите се поразени, социјалистите го отвораат шампањот

Read more

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Read more

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Read more

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Read more
 

Вести

Сонот за независност на Каталонија опаѓа: Сепаратистите се поразени, социјалистите го отвораат шампањот

Читај повеќе

Без струја корисници од Долно Лисиче

Читај повеќе

За ДУИ Силјановска го прекршила Уставот, за ВЛЕН тоа што заклетвата е потпишана со Северна значи дека ја прифатила реалноста

Читај повеќе

Времето променливо облачно со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова не рече Северна пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Читај повеќе

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Читај повеќе

Како Бил Гејтс го троши богатството и што ќе им остави на децата?

Читај повеќе

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Читај повеќе

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Читај повеќе