По вторпат пропадна судењето за модуларната во Тетово – сега не дојде адвокат, судењето на чекор до пресуда

Втор неуспешен обид да се дадат завршни зборови за случајот поврзан со пожарот во модуларната болница во Тетово. Ако пред 15 дена рочиштето се одложи поради отсуство на тогашниот директор на модуларната болница во Тетово, Флорим Бесими, сега се одложи бидејќи на рочиште не се појави адвокатот на економскиот директор, Артан Етеми.

Следното рочиште е закажано за крајот на мај кога третпат Обвинителството ќе има обид да даде завршни зборови. Судењето е пред носење пресуда.

Ексдиректорот на тетовската болница, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор, Артан Етеми, не се гонат поради причината за пожарот во тетовската модуларна болница, туку бидејќи не ставиле пропишани уреди за гаснење пожар. На докторот Бобан Вучевски му се суди бидејќи дозволил влез на роднини во болничките соби иако тоа било забрането. Ова е суштината на обвинението за пожарот по кое се судат директорите и докторите, чие судење двапати се одлага. Првиот пат поради отсуство на обвинетите, а вториот бидејќи обвинетите дојдоа без адвокат.

Обвинетите Ф.Б. (Флорин Бесими) А.Е. (Артан Етеми) и обвинетото правно лице (Општа болница Тетово) не постапиле во согласност со мерките и активностите што произлегуваат од договорот за заем склучен помеѓу Република Северна Македонија и Меѓународна банка за обнова и развој – Светската банка, според кој, иако биле должни да имаат соодветни уреди и инсталации за заштита од пожари и експлозии, друга противпожарна опрема, средства за гаснење пожари и противпожарни апарати, на денот на пуштање во употреба на модуларната болница во Тетово, па сè до денот на настанување на пожарот во модуларната болница, не поставиле соодветни уреди за заштита од пожар – противпожарни апарати, па како резултат на нивното непостапување, на 08.09.2021 година, околу 21 часот, и како последица од настанатата куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел од дефибрилаторот, со кој се вршела реанимација на пациентката Марија Димовска, во соба број 3, кревет број 1, од прегревање на кабелот настанало палење на приклучната кутија од продолжниот кабел на синтетичките материјали од кои се изработени втикнувачите, полначот за мобилен телефон и куќиштето од продолжниот кабел, па по забележаната појава на пламен, настанало бурно ширење на пожарните дејства од соба број 3 кон соба број 2 и потоа во целиот објект простирајќи се по покривните панели кон ниските предели на панелните ѕидови и болничкиот инвентар“, стои во обвинението.

Пожарот се гаснел со ќебе и вода. За животот на пациентите се бореле двајца доктори, три медицински сестри и болничарка. Сите барале противпожарни апарати, но не успеале да ги најдат.

„…Но, сите во обидот да го изгаснат огнот не успеале по што се развиле пожарни дејства и пожарот за краток период се проширил во целиот објект, па како резултат на настанатиот пожар пациентите болни од COVID-19 и членовите на нивните семејства, погоре наведени, како придружни лица починале“, се додава во обвинението.

За докторот Вучевски, има само еден пасус, во кој се бара одговорност од него. Но, не за пожарот, ниту за причините ниту за последиците од немањето противпожарни апарати.

„Обвинетиот Б.В. (Бобан Вучевски) како одговорно лице за време на епидемија не постапил според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање и спречување и не постапил во согласност со наредбата донесена од страна на медицинскиот директор при ЈЗУ 'Клиничка болница' во Тетово за забрана на посета на неовластени лица во болничките простории поради појава на сезонски грип и глобални случувања поврзани со COVID-19 и дозволил влез на неовластени лица – членови на семејствата на болните од COVID-19 како придружници во модуларната болница“, стои во обвинението.

Директорите се гонат за две кривични дела, и тоа за тешки дела против општата сигурност и непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, а докторот само за непостапување според здравствените прописи во време на епидемија.

Застапник на обвинението е тетовскиот обвинител Бесир Алиу.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе