НБА 2022/2023 ОЛ-СТАР

Победник во забивање стана играч кој не игра во НБА

Мек МекКланг, кошаркар кој не игра ни во НБА, победи на натпреварот за забивање ноќеска на Ол-стар викендот во Солт Лејк Сити.

Оваа година за титулата најдобар слем-данк во светот се натпреваруваа Кенион Мартин Џуниор (Хјустон Рокетс), Метју МекКланг (Делавер Блу Коутс/Филаделфија 76ерс), Треј Марфи III (Њу Орлеанс Пеликанс) и Џеричо Симс (Њујорк Никс), а победи единствениот од нив кој всушност не е во НБА.

МекКланг во кариерата има играно само на 2 натпревара во НБА лигата и тоа по еден за Чикаго Булс и за Лос Анџелес Лејкерс во минатата сезоан 2021/2022, а 24-годишникот остатокот од професионалната кариера го мина во Џи лигата. Висок е 188 сантиметри.

Во моментов е член на Делавер Блу Коутс, а пред четири дена потпиша двонасочен договор со Филаделфија 76ерс, чиј дрес го носеше на натпреварот во забивање.

МекКланг триумфираше убедливо, а неговото прво забивање беше особено впечатливо кога прескокна двајца мажи, прво ја удри топката од таблата, а потоа со две раце заби од страна.

Remote video URL
Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Кошарка

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Read more

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе