Почина актерот Џон Махони, ѕвездата на „Frasier“

Актерот со британско потекло Џон Махони, кој ќе остане запаметен по улогата на досетливиот Мартин Крејн во популарната ТВ серија „Frasier“, почина на 77 години.

Махони починал во неделата во домот за нега на стари лица во Чикаго каде бил сместен.

Тој имаше исклучителна кариера како драмски актер, има добиено награда Тони и долга листа на улоги во филм и ТВ.

Сепак, најзапаметен ќе остане по улогата на досетливиот и остар Мартин Крејн, таткото на Фрејжр и Најлс Крејн во серијата „Frasier“.

 

Махони има освоено награда од Здружението на филмски актери во 2000 година за оваа улога, а беше номиниран по два пати за Еми награда и за Златен глобус.

Голем дел од привлечноста и жарот во серијата „Frasier“ се должеа на односот меѓу приземјениот, реален пензиониран полицаец Мартин Крејн и неговите помпезни синови Фрејжр и Најлс, кои ги играа Келси Грамер и Дејвид Хајд Пирс.

Филмската заедница испрати последен поздрав до Махони.

Актерот Гери Синис, коосновач на Steppenwolf, рече: „поминавме толку многу прекрасни претстави низ годините, прекраен актер, никогаш нема да ја заборавам неговата изведба во ‘Orphans’ во 1985 година."

 

 

Кастинг директорот на „Frasier“ Џеф Гринберг го нарече „брилијантен актер“.

 

 

Пери Гилпин, која ја играше Роз Дојл во серијата, објави фотографија од Махони како пее на нејзината свадба.

 

 

Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

Филм & ТВ

Доделени наградите БАФТА 2024: Кои се најголемите победници?

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Доделени наградите БАФТА 2024: Кои се најголемите победници?

Читај повеќе

Андријана Јаневска: По ова издание на Евровизија, донесов правилна одлука што не прифатив да ја претставувам Македонија

Читај повеќе

Koj е Немо – победникот на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Читај повеќе
  • play_arrow

Холандија е дисквалификувана од финалето на Евровизија

Читај повеќе

Стинг и Coldplay бараат ослободување на иранскиот рапер осуден на смрт

Читај повеќе

Пораките на келтски за Палестина не ја измамија Евровизија - Бамби морала да ги тргне

Читај повеќе
  • play_arrow

Израелската претставничка исвиркана на генералната проба на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Читај повеќе