Почина докторот што уживаше да пишува за предземјотресно Скопје, писателот Владимир Плавевски

Синоќа на 74-годишна возраст нѐ напушти д-р Владимир Плавевски, кој зад себе остави бројно книжевсно творештво, сценарија за театарски драми, радиодрами, фотографии и неколку филмови.

Роден на 11 декември 1948 година Скопје, Плавевски израснал во познатото Ново Маало. Го преживеал катастрофалниот земјотрес од 1963 години, период што му бил инспирација за многу од неговите дела.

Иако животниот пат го однел во медицината, дипломирајќи на Медицинскиот факиултет во Скопје во 1974 година и станал примариус д-р спец. оториноларинголот, Плавевски од мал уживал да другарува со книгите. Во маалото каде што растел му го дале прекарот Ленин, затоа што од мал бил многу вешт со зборовите. Ги сакал и фотографиите, па уште како млад почнал да се занимава со аматерска фотографија, објавувал изложби, бил член и потоа претседател на Фото клубот Вардар, како и претседател на Фото сојузот на Македонија. Во учебната 1993/1994 предавал фотографија на Факултетот за Драмска уметност. Како доктор работеше на ноќна во поликлиниката „Бит-пазар“ како општ лекар, а по специјализацијата продолжи на аудиологија во поликлиниката „Букурешт“.

Автор е на многу сценарија за проекти на МРТ како играни серии, филмови, радиодрами и драмски текстови.

Има објавено 18 дела:

„Папарацо-феномен на денешнината“ (1997)
„Градител на боговите“ (драма, 1997)
„Фотографија“ (учебник, 1998)
„Играч на Фанта“ (збирка раскази, 1999)
„Амкање“ (збирка раскази, 2001)
„Ловец на самовили“ (збирка раскази, 2004)
„Поплава“ (збирка раскази, 2006)
„Цена од Ново маало“ (роман, 2009)
„Последниот Сплавар на Вардар“ (роман, 2010, а неговото второ издание „Сплаварот“ од 2012 е преведено на бугарски и на полски)
„Вистински приказни“ (збирка раскази, 2011)
„Јадица“ (роман, 2013)
„Комита“ (роман, 2015)
„Земјотрес, 5:17“ (роман, 2017)
„Динга стоп: скопски приказни од Ново Маало“ (роман, 2018)
„Вампирџија“ (роман, 2019)
„Боксерот од Ново Маало“ (роман, 2020)
„Туѓо тело“ (роман, 2020)
„Бај Којо“ (роман, 2021)

За романот „Јадица“ во 2013 година ја доби наградата Роман на годината на Утрински весник, додека за ремек-делото „Боксерот од Ново Маало“ во 2020 година ја доби наградата „Стале Попов“.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Култура

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Read more

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе