Почина Франц Бекенбауер

Франц Бекенбауер, легендарниот германски фудбалер, почина на 79-годишна возраст, а веста за неговата смрт стигна во понеделникот.

Бекенбауер е роден на 11 септември 1945 година во Минхен и одбележа епоха во светскиот и германскиот фудбал.

„Со најдлабока болка објавуваме дека нашиот сопруг и татко, Франц Бекенбауер, почина мирно во сон во неделата, опкружен со членовите на неговото семејство. Бараме да го оплакуваме во мир и да се воздржите од прашања“, се вели во соопштението на семејството.

Бекенбауер ќе остане запаметен по тоа што со Германија беше светски првак и како играч и како селектор.

URL

Неговото име ќе остане синоним за Баерн, каде за 13 години одигра преку 400 натпревари и освои сѐ што можеше.

Како активен фудбалер го освои Мундијалот во 1974 година, а потоа како селектор во 1990 година. Со Баерн четири пати ја освои Бундеслигата, три пати Лигата на шампионите, а во 1972 и 1976 година беше избран за најдобар играч во Европа како добитник на Златната топка.

URL

Во 1977 година се пресели во Космос од Њујорк, а во 1980 година се врати во Германија во Хамбургер, со која го освои домашното првенство во 1982 година. Од 1984 до 1990 година беше селектор на Германија, а од 1994 до 2009 година беше претседател на Баерн. Како спортски директор беше и во Олимпик од Марсеј.

URL

Познат по прекарот Кајзер, Франц важи за едно од најдобрите централни бекови во историјата на фудбалот, а во националниот тим одигра 103 натпревари и постигна 14 голови.

Тој боледуваше од Алцхајмерова болест, со поврзана деменција, а последен пат беше виден во јавноста во јануари минатата година.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more
Величествен крај: Кинеската вселенска лабораторија изгоре во атмосферата на Земјата

Величествен крај: Кинеската вселенска лабораторија изгоре во атмосферата на Земјата

Read more
Прв смртен случај од корона вирусот надвор од Кина, вкупно 305 починати досега

Прв смртен случај од корона вирусот надвор од Кина, вкупно 305 починати досега

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе