Почина Синиша Михајловиќ

Легендарниот фудбалер и тренер ја загуби борбата со тешката болест и почина во болницата во Рим.

Веста која никој не сакаше да стигне: нѐ напушти Синиша Михајловиќ, пишува La Gazzetta dello Sport. Почина во римска клиника на 53-годишна возраст. Поранешниот тренер на Болоња објави дека му била откриена болеста на прес-конференција на 13 јули 2019 година: „Имам леукемија, но ќе ја победам играјќи напаѓачки“. На 29 октомври 2019 му беше направена трансплантација на коскена срцевина во „Сант Орсола“ во Болоња, на 22 ноември си поднесе оставка, на почетокот на 2022 повторно се појави алармот. Денеска дојде соопштение од семејството кое ја згасна и последната надеж.

„Сопруга Ариана, со децата Викториа, Вирџиниа, Мирослав, Душан и Николас, внуката Виоланте, мајката Викторија и братот Дражен, со болка ја соопштуваат неправедната и прераната смрт на нивниот примерен сопруг, татко, син и брат Синиша Михајловиќ. Уникатен човек, извонреден професионалец, достапен и добар со секого. Храбро се бореше против ужасната болест. Им благодариме на лекарите и медицинските сестри кои го следеа низ годините, со љубов и почит, особено на д-р Франческа Бонифаци, д-р Антонио Курти, проф. Алесандро Рамбалди и д-р Лука Маркети. Синиша секогаш ќе остане со нас. Живее преку сета љубов што таа ни ја даде“.

URL

Кариерата ја почна во малиот Борово, а преку Војводина и Црвена звезда дојде во Серија А каде настапувајќи за Рома, Сампдорија, Лацио и Интер влезе во легендите. Запиша 63 настапи за Југославија и постигна 10 гола. Потоа заплива во тренерските води прво водејќи го Интер како помошник, за потоа да ги предводи Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан, Торино, Спортинг и Болоња. Беше и селектор на Србија.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Фудбал

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more
 

Спорт

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе