Почна снимањето на ТВ-серијата „Зоки Поки“, се екранизира најпознатата македонска лектира

Во основното училиште „Петар Поп-Арсов“ во Карпош викендов почна снимањето на телевизиската серија „Зоки Поки“, модерна екранизација на лектирата од писателката Оливера Николова, објавена во 1963 година.

ТВ-серијата за најпознатиот македонски детски лик ја режираат Александар Поповски и Марија Апчевска, Даријан Пејовски и Радован Петровиќ. Во продукција е на „Кино око“ која соопшти дека е предвидено снимање десет епизоди според внимателно избрани теми и приказни од книгата со која имаат израснато многу генерации.

– Верувам дека спојот на она што мојата генерација го наследи од генерацијата на нашите родители ќе успееме да го пренесеме на нашите деца. Покрај забавен карактер Зоки Поки носи и една длабоко хумана порака. Преточена во модерен јазик мислам дека една серија со приказни од животот на ова момче може да фрли едно топло светло врз телевизиската програма, изјави Александар Поповски, режисер на серијалот.

На кастингот кој се одржа во мај се пријавиле повеќе од 200 кандидати за улогата на Зоки Поки и неговата дружина. Од продукцијата велат дека имале тежок предизвик, но се задоволни од направениот избор, а јавноста дополнително ќе ја информираат за актерите кои ќе ги толкуваат улогите на Зоки Поки, Лидија, Боки, Гоки и останатите ликови.

– Денешниот Зоки Поки ќе биде соодветен на времето во кое живееме по форма и естетика, но вредностите и пораките проткаени низ неговите авантури ќе останат чисти и недопрени, со верба дека ќе успеат да го пронајдат патот до срцата и на генерациите што доаѓаат, велат од „Кино око“.

Продуцентот Роберт Насков изјави дека пред почетокот на снимањето претходеле неколку месеци подготовка. – Целата екипа е многу среќна што работи на оваа серија. Прекрасно е да се работи со деца. Верувам дека ќе направиме серија која ќе ја сакаат децата, но и родителите, додаде Насков.

Повеќе од половина век книгата „Зоки Поки“ на Оливера Николова е задолжителна лектира за учениците во македонските основни училишта. Преведена е на српски, романски, украински, чешки, италијански, словенечки, турски, албански и на германски јазик.

Режисерот Поповски и продуцентот Насков решиле да направат екранизација не само затоа што сметаат дека оваа лектира е релевантна за различни генерации, туку и поради недостиг на домашна ТВ-програма за деца.

Снимањето на десетте епизоди на „Зоки Поки“ ќе трае до 13 септември на повеќе локации во Скопје. Отворен е и хаштагот #ЗокиПоки и сите што ја имаат лектирата може да споделат фотографии.

Тагови
реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Култура

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Read more
 

Вести

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе