МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТЕН ТУРНИР СТРУГА 2022

Почнува јубилејниот 50-ти меѓународен ракометен турнир во Струга

Од денес па сѐ до 20 август во Струга ќе се одржи јубилејното 50-то издание на популарниот меѓународен ракометен турнир кој секоја година традиоционално се одржува пред почетокот на ракометната сезона.

На турнирот годинава ќе учествуваат 8 екипи, од кои 3 се од странство. Екипите согласно жрепката се поделени во две групи:

Група А
Еурофарм Пелистер
Струга (домаќин)
АЕК (Грција)
Татран (Словачка)

Група Б
Вардар
Бутел
Алкалоид
Цеље (Словенија)

Бранител на трофејот од ланскиот турнир е Вардар. Директен пренос од избрани натпреварите ќе оди на МРТ3, спортскиот канал на Македонската радио-телевизија.

Првиот ден од турнирот, односно денеска, ќе се играат натпреварите:
Струга - Еурофарм Пелистер (17:00 часот)
Вардар - Алкалоид (19:00 часот, МРТ3)
Бутел - Цеље (21:30 часот, МРТ3)

Свеченото отворање е закажано за 20:40 часот.

Сите натпревари ќе се играат на игралиштето кај Женска плажа кое го носи името „Горан Попоски Бабец“ кое беше комплетно реновирано, а беше поставена и специјална подлога за спортски игралишта од компанијата Mozzart.

ТВ програма до крајот на турнирот:

среда, 17.08.2022
19:10 (МРТ3) АЕК - Татран
21:10 (МРТ3) Вардар - Бутел

четврток, 18.08.2022
19:10 (МРТ3) Еурофарм Пелистер - Татран
21:10 (МРТ3) Вардар - Цеље

петок, 19.08.2022
19:10 (МРТ3) Татран - Струга
21:10 (МРТ3) Еурофарм Пелистер - АЕК

сабота, 20.08.2022
19:10 (МРТ3) натпревар за 3. место
21:10 (МРТ3) финале

реклама

Ракомет

Штербик имал срцев удар

Read more

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Read more

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе