Почнува сезоната на вируси – како да го зајакнете имунитетот?

Имаме необично високи температури во текот на денот, а утрата и ноќите се ладни. Температурните разлики, а и наглата промена на времето што се очекува се идеални за развивање на вируси и бактерии.

Имунитетот може да падне ако не внесувате доволно намирници со хранлива вредност, не спиете доволно или сте под голем стрес.

Како да ги препознаете првите знаци на ослабен имунитет?

Имате проблеми со варењето

Истражувањата покажале дека постои важна поврзаност меѓу имунитетот и цревната флора. Затоа не изненадува фактот дека ослабениот имунитет ќе се покаже преку проблеми со варењето на храната.

Ако имате проблеми со надуеност, гасови и запек, тоа е знак дека нешто не е во ред со вашите црева, но и со вашиот имунитет.

Постојано сте уморни

Има неколку причини зошто постојано се чувствувате уморни, а ослабениот имунитет е една од нив, особено ако уморот е придружен со болка во зглобовите, проблеми со варењето и намален апетит.

Ова се неспрецифични симптоми што укажуваат на ослабен имунитет и се случува да бидат занемарени како поединечни непријатности.

Долго време закрепнувате од настинка

Ако обичната настинка ве врзува за кревет подолго од 2-3 дена, тоа значи дека имунитетот ви е ослабен и на организмот му е тешко да се справи со инфекцијата. Здравата и разновидна исхрана е клучна во овој случај, како и пробиотици и редовни дози витамин C и D3.

Имате инфекција на увото повеќе од еднаш годишно

Ако почесто од еднаш годишно имате инфекција на увото, можна причина за тоа е ослабениот имунитет.

Овие инфекции не треба да ги оставите нетретирани и треба да побарате помош од лекар.

Ослабениот имунитет ќе ве исцрпи и ќе му ја отежне на организмот борбата со болестите и инфекциите. Затоа е многу важно да водите сметка за себе – здраво хранете се, спортувајте, поминувајте повеќе време во природа, наспијте се и одбегнувајте непотребно стресни ситуации.

Како да го зајакнете имунитетот?

За да го подобрите имунитетот и да ја зајакнете отпорноста на вашиот организам треба да внесувате што е можно повеќе здрава храна.

Тоа подразбира свежо овошје и зеленчук кои се богати со витамини, минерали и растителни влакна, а да ги намалите или исфрлите намирниците со шеќер, конзерванси и други вештачки додатоци.

Овие три намирници ќе ви помогнат дополнително да го зајакнете имунитетот и да ја дочекате ладната сезона подготвени.

Мед

Природниот, чист мед е полн со антиоксиданси, ензими и минерали, како цинк, железо, калиум, калциум, магнезиум и селен. Исто така содржи и витамин B6. Ги отстранува слободните радикали од организмот и со тоа го подобрува имунитетот. Во комбинација со куркумата, емдот е исклучително моќен природен антибиотик.

Куркума

Билката куркума потекнува од Индонезија и јужна Индија, а низ историјата се користела како зачин, текстилна боја и како лек. Богата е со растителни влакна, минерали и витамини, и благодарение на нив има благотворно дејство на организмот. Содржи и фитонутриенти кои имаат противвоспалително дејство, што значи дека го чува организмот од воспалителни процеси кои следат по падот на имунитетот.

Направете напивка за зајакнување на имунитетот од следниве состојки: изрендајте парче ѓумбир, додадете лажичка куркума и исцедете еден лимон. Ова прелијте го со 4 чаши вода, добро измешајте и ставете ја напивката во фрижидер. Две чаши дневно ќе направат чуда за вашиот имунитет. Не се препорачува да правите поголеми дози и да ги чувате, туку на секои два дена да правите нова напивка.

Алое вера

Покрај моќното регенеративно дејство врз кожата, Алое верата има и исклучително влијание врз одржувањето на балансот во човечкиот организам. Богата е со витамини С и Е и спречува дехидратација на организмот. Може да ја земате во форма на гел или сок.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Здравје

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Read more

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more
 

Магазин

  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Читај повеќе

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Читај повеќе