Поднесено барање Вучиќ да биде сослушан за убиства од 1998 година за кои се осомничени Албанци

Правниот застапник на родителите чии синови беа убиени во кафулето „Панда“ во Пеќ, денеска поднесе барање до Обвинителството за организиран криминал (ТОК) да го сослуша српскиот претседател Александар Вучиќ како сведок.

Во барањето се наведува дека родителите бараат сослушување од Вучиќ во врска со изјавите за масакрот во „Панда“, кои тој во неколку наврати ги даваше за медиумите од 2013 до 2018 година, тврдејќи дека делото не го извршиле Албанци и дека тој „речиси знае“ што се случило таа кобна ноќ во тоа кафуле.

Се дознава дека Александар Вучиќ, како прв потпретседател на Владата на Србија и шеф на Бирото за координација на безбедносните служби, на 26 декември 2013 година во емисијата „Тешка реч“ на ТВ Пинк рекол: „Злосторството во ‘Панда’ не го извршиле Албанци, како што досега верувавме. Јавноста ќе биде згрозена кога ќе се открие вистината“.

Две години подоцна, на прес-конференција во Владата на Србија, на 11 декември 2015 година, Вучиќ изјави дека е речиси сигурен што се случило во кафулето „Панда“.

„Мавтаме во темница. Речиси сум сигурен што се случило во кафулето ‘Панда’, но немам доказ. Не сум сигурен дека нашите власти би можеле да се гордеат со она што го направија тогаш“, рече Вучиќ, според барањето за неговото сослушување.

„Вучиќ треба да се сослуша посебно, со оглед на содржината на неговата изјава од 28 декември 2013 година која е дадена при извршување на должноста началник на Институтот за координација на безбедносните служби, а како таква има посебна тежина и може да придонесе за утврдување на фактичката состојба во оваа фаза од постапката“, посочи Ниниќ.

Пред 25 години, на 14 декември 1998 година, околу 20 часот, двајца маскирани напаѓачи отвориле оган со автоматски пушки врз гостите на кафулето „Панда“, од кои повеќето биле средношколци од Пеќ.

Убиени се Иван Обрадовиќ (15), Зоран Станојевиќ (18), Вукота Гвозденовиќ (16), Светислав Ристиќ (18), Иван Радевиќ (24) и Драган Трифовиќ (18).

Тешко ранети се Владимир Лончаревиќ (18) и Мирсад Шабовиќ (34), а полесно е ранет Никола Рајовиќ (18). Неколку дена по злосторството, Државната безбедност уапси и осомничи група локални Албанци, но тие беа пуштени од притвор поради недостиг на докази.

Потпретседателот на Сојузната влада на СРЈ задолжен за Косово, Никола Шаиновиќ, тогаш соопшти дека случајот „Панда“ е решен.

Родителите на убиените момчиња повеќе од десет пати барале од Вучиќ да ги прими на разговор, но и покрај неколкуте јавни ветувања дека тоа ќе го стори, тој досега не разговарал со семејствата.

Истрагата за масакрот во кафулето „Панда“ беше покрената дури во ноември 2015 година во Обвинителството за организиран криминал во Белград.

Досега се сослушани околу 40 сведоци, но не е покренато обвинение.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Регион

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Read more

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Read more

По атентатот на Фицо: Закани до Вучиќ дека тој ќе биде следната мета

Read more

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Read more
 

Вести

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Читај повеќе

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Читај повеќе

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе