Подваријантата на омикрон е потврдена во 57 земји

Подваријантата на омикрон која, според некои истражувања, би можела да биде позаразна од оригиналната варијанта на коронавирусот, е откриена во 57 земји, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Варијантата на коронавирус омикрон, која брзо се шири и мутира, стана доминантна варијанта во светот откако за првпат беше откриена во јужна Африка пред десет недели.

Светската здравствена организација во својот неделен епидемиолошки билтен објаснува дека оваа варијанта, која сочинува 93 отсто од сите примероци на коронавирус собрани во изминатиот месец, има неколку подваријанти: BA. 1, BA. 1.1, BA.2 и BA. 3.

Подваријантите BA. 1 и BA. 1.1, првите идентификувани верзии, сега сочинуваат повеќе од 96 проценти од секвенците на омикрон внесени во глобалната база на податоци GISAID.

Но, забележано е очигледно зголемување на бројот на случаи на подваријантата BA. 2, која носи повеќе различни мутации од оригиналната верзија, особено на шилестиот протеин на површината на вирусот неопходен за влез во човечките клетки.

„Секвенците означени како BA. 2 до денеска се внесени во GISAID од 57 земји“, посочува СЗО, додавајќи дека во некои земји оваа подваријанта сега опфаќа повеќе од половина од секвенците на омикрон.

СЗО соопшти дека досега малку се знае за разликите меѓу подваријантите и повика на истражување на карактеристиките на вирусот, особено неговата заразност, неговата способност да ги избегне протеините на имунолошкиот систем и неговата вирулентност.

Неколку неодамнешни студии покажаа дека подваријантата BA.2 е позаразна од оригиналниот омикрон.

Марија Ван Керхове, една од главните експерти на СЗО за ковид, во вторникот им рече на новинарите дека сè уште има малку информации за подваријантите, но дека некои првични податоци покажаа дека BA.2 има „малку зголемена стапка на раст во споредба со BA.1“. .

Омикрон главно предизвикува поблаги форми на болеста од претходните варијанти на коронавирусот, а Ван Керхове рече дека досега ништо не покажало дека подваријантата BA.2 би била поопасна.

реклама

Свет

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Read more

Папата ги повика владите на демографски политики: Не недостигаат кучиња и мачки, туку деца

Read more

Нетанјаху по најавата на Бајден дека ќе престане да испраќа оружје: Ќе се бориме со нокти

Read more

На парадата на Путин само еден тенк, луѓето се потсмеваат: Па, барем вози

Read more
 

Вести

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Читај повеќе

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Читај повеќе