Поевтинува струјата за домаќинствата во првиот и во вториот блок

Струјата за домаќинствата во првиот и во вториот блок од 1 јануари се намалува, а се зголемува  во третиот и четвртиот блок. Намалување има и на цената за малите потрошувачи, соопшти денес на прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.

Цената на електрична енергија кај домаќинствата за прв блок се намалува за 4,11 проценти, за втор блок за 2,95 проценти, на третиот блок се корегира и се зголемува за 0,85 проценти, а за четвртиот се зголемува за 7,65 проценти.

Во новата цена на струјата од 1 јануари е пресметано и зголемувањето на ДДВ-то од 5 на 10 проценти.

-За да не се почувствува ефектот од зголемувањето на ДДВ, ги намаливме цените во првиот и вториот блок, рече Бислимовски, информирајќи дека делумно се прифатени барањата на енергетските компании, како и дека има фактори на корекција кои ги имплементирале во одлуката.

Како што информира, вкупната цена за електрична енергија на малите потрошувачи  од 1 јануари се намалува за 20,15 проценти. Таа цена ќе се применува за 70.000 компании во државата кои во изминатиот период се соочуваа со зголемени трошоци. Тоа се мали и микро компании, мали дуќани фризерници, берберници, мали кафулиња, рече Бислимоски.

Според него, 99,2 проценти од домаќинствата во државата ќе имаат намалени цени на електрична енергија.

-Доколку продолжат домаќинствата да штедат, многу мал процент ќе имаат зголемени трошоци за електрична енергија. Тоа се конкретни мерки коишто ќе им помогнат на граѓаните за да им се подобри нивниот животен стандард, рече Бислимоски.

Тој соопшти дека со овие одлуки, цената за пренос на електрична енергија се намалува за 8,66 проценти, а за дистрибуција за 19,54 проценти. Тоа, посочи, е дополнителна помош и за компаниите коишто се на слободниот пазар на електрична енергија затоа што нивните трошоци за мрежарина, која го вклучува преносот и дистрибуцијата се намалуваат речиси за 20 проценти.

-Она што е исто така многу битно, во изминатиот период имаше реакции дека трошокот за мрежарина е поголем од трошокот за енергија. Сега тоа ќе се промени поради тоа што трошокот на дистрибуција на електрична енергија  за категоријата каде што се приклучени домаќинствата тоа е ЛВ2 се намалува за 20,6 проценти, рече Бислимоски.

Во пресрет на денешната одлука на РКЕ, МЕПСО побара зголемување на цената за пренос на електрична енергија за 29,75 отсто, „ЕВН електродистрибуција“ намалување на услугата за дистрибуција  за 2,8 отсто, а универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ зголемување за пет отсто на цената за снабдување на малите потрошувачи и домаќинствата. 

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе