Погледнете го првиот трејлер за новата „Gossip Girl“

HBO Max денеска преку платформата YouTube го претстави првиот трејлер за продолжението на серијата „Gossip Girl“.

Девет години по завршувањето на снимањето на оригиналната серија, пристигнуваат нови епизоди кои ќе го следат животот на богатите деца од Апер Ист Сајд во Њујорк.

Во трејлерот, во кој доминира песната „Super Rich Kids“ на Френк Оушн, се појавува новата генерација на привилегирани потомци на богатите, со Џордан Александер која навидум потсетува на ликот на Блер од оригиналната серија.

Потоа, тука е постојаната закана од „Озборувачката“, која доби модерен живот во форма на профил на Instagram. Снимки од епски забави, модни ревии и тајни бакнежи го заокружуваат двоминутниот трејлер, гарантирајќи интриги дури и за најтврдокорните фанови на првиот дел.

Деталите досега беа чувани во тајност, а овој трејлер даде најголем увид во новите епизоди досега. HBO Max претходно само ги објави имињата на ликовите со кратки описи на Instagram.

Според најавата, се чини дека Џулиен Каловеј (Џордан Александер) е водач на групата, заедно со Ото „Оби“ Бергман IV (Илај Браун) како нејзино момче. Зоја Лот (Витни Пик) е новата девојка во градот.

Во серијата играат уште Томас Доерти, Тави Гевинсон, Емили Алин Линд, Еван Мок, Сион Морено и Савана Ли Смит. Продолжението ветува дека ќе истражи како се променија социјалните медиуми и њујоршкиот пејзаж по завршувањето на оригиналната серија во 2012 година.

Продолжението го разви Џошуа Сафран, кој беше сценарист и извршен продуцент на оригиналната серија.

Премиерата на новото продолжение на „Gossip Girl“ е закажана за 8 јули на HBO Max.

реклама

Филм & ТВ

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more
 

Сцена

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе