HBO Max конечно го објави првиот двоминутен трејлер за долгоочекуваното специјално камбек издание „Friends: The Reunion“.
Враќајќи се на сцената 24, каде што првично се снимаше ситком серијата во 90-тите за шесте пријатели кои живеат во Њујорк, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер пак се во добро познатиот стан на Моника и Рејчел и го играат легендарниот квиз, само со нови прашања.
Двоминутното видео открива дека специјалното продолжение ќе има по малку од сè. Долгоочекуваното продолжение пристигнува по неколку одложувања, а како гости ќе се појават бројни ѕвезди: од Дејвид Бекам, Џастин Бибер, Лејди Гага, Рис Витерспун до Малала Јусафзаи. Исто така, пред објавувањето на првата епизода што следува следната недела, тимот се обедини и позираше за насловната страница на списанието People.
„Пријателите“ ќе имаат и интервју со Џејмс Корден, во кое се обидуваат да решат едно од „главните“ прашања во серијата- „Дали Рејчел и Рос беа на пауза?“.